3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови коишто соодветствуваат
на следните функции (Сл.1 ):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Сечиво (уред со сечиво): соодветен
елемент за сечење на вегетација.
C. Предна рачка: овозможува
управување со машината и таму
се наоѓа безбедносното копче.
D. Задна рачка: овозможува управување
со машината и таму се наоѓаат
командите за главната контрола.
E. Заштита за сечивото (при транспорт и
преместување на машината): спречува
несакан контакт со уредот со сечивото
што може да доведе до тешки повреди.
F.
Батерија (дополнителна опрема
по избор, пас. 15.1): уред што
обезбедува енергија за стартување
на уредот; неговите спецификации
и правила за користење се опишани
во специјалниот прирачник.
G. Полнач за батеријата (дополнителна
опрема по избор, пас. 15.2): уред што се
користи за полнење на акумулаторот;
неговите спецификации и правила за
користење се опишани во специјалниот
прирачник. Достапни се модели на
полначи за два акумулатора: G1 (за
брзо полнење на акумулатор); G2 (за
стандардно полнење на акумулатор);.
4. РАСПАКУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Распакувањето треба да се
изврши на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување
на машината и на амбалажата
користејќи секогаш соодветни алати.
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ја машината од кутијата.
4. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 БЕЗБЕДНОСНО КОПЧЕ (УРЕД ЗА
АКТИВИРАЊЕ/ДЕЗАКТИВИРАЊЕ)
Притиснете го ова копче
за да го активирате и
дезактивирате електричното
коло на машината (Сл. 3.A).
Една вклучена ЛЕД сијалица:
електричното коло на машината
е активирано (Сл. 3.B). Машината
е подготвена за работа.
Две вклучени ЛЕД сијалици:
машината работи.
ЛЕД сијалиците се исклучуваат:
електричното коло е
целосно дезактивирано.
ВАЖНО При преместување,
никогаш не го ставајте прстот на
копчето за да не дојде до ненадејно
стартување на машината.
Иконата за „Предупредување"
(Сл. 3.F) се ВКЛУЧУВА во
случај на дефект на машината
(видете ја табелата за решавање
на проблеми, пас. 14).
5.2 РАЧКА НА КОМАНДАТА ЗА
СЕЧИВОТО (УРЕД СО СЕЧИВОТО)
Овозможува вклучување и регулација
на брзината на сечивото.
Работата на уредот со сечивото (Сл. 1.B)
е можна само со истовремено притискање
на рачката за управување со сечивото
(Сл. 3.C) и безбедносното копче (Сл. 3.D).
Уредот со сечивото застанува
автоматски со пуштање на рачката
или безбедносното копче.
5.3 РАЧКА ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ
НА ЗАДНАТА РАЧКА
Рачката за отпуштање (Сл. 3.E) овозможува
за да ја регулирате задната рачка (Сл. 1.D)
на 3 различни ориентации во однос на
поставеноста на ножот за комотно изведување
на операциите за сечење грмушки.
Регулацијата на рачката
треба да се извршува кога е
дезактивирано безбедносното
копче (изгасната сијаличка).
MK - 6