• Користете само батерии со спецификации
што се предвидени за вашиот апарат.
Употреба на други батерии може да
предизвика повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен
пред да ја ставите батеријата. Ставање
батерија во вклучен електричен
апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите
подалеку од канцелариски прибор,
пари, клучеви, игли, навртки и други
мали метални предмети што може да
предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата
може да доведе до експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за батеријата
на места каде има гасови, запаливи
супстанци или лесно запаливи површини,
како што се хартија, ткаенина и слично.
За време на полнењето, батеријата се
загрева и може да предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите,
обрнете внимание контактите да не
дојдат во спој меѓу себе и не користете
метални кутии за транспорт.
2.6 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го
нарушуваат непосредното опкружување.
Користете ја машината само во разумно
време (не многу рано наутро и доцна навечер
кога може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, делови во
распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат
во ѓубре, туку треба да се селектираат
и да се однесат во соодветни собирни
центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните
апарати заедно со домашен отпад.
Во согласност со директивата на ЕУ
2012/19/EU, отпадот што се состои од
електрични и електронски апарати
е ваша одговорност и, во согласност со
националните одредби, електричните апарати
за фрлање треба да се фрлат засебно за да
може подоцна повторно да се употребат на
еко-компатибилен начин. Ако електричните
апарати се одложат на ѓубриште или на земја,
штетните состојки може да стапат во контакт
со елементите во почвата и да навлезат во
синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат
вашето здравје и благосостојбата. За подетални
информации околу фрлањето на овој производ,
контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на
употреба, извадете ја батеријата
обрнувајќи внимание на животната
средина. Батеријата содржи материјал
што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен
сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите
и искористените пакувања
овозможува рециклирање
на материјалите и повторна
употреба. повторната употреба
на рециклираните материјали спречува
штета на животната средина и ја намалува
потребата за примарни материјали.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска
опрема и конкретно преносен
поткаструвач на грмушки на батерии.
Машината главно се состои од мотор
којшто активира уред за сечење.
Операторот може да вклучува
разни главни команди секогаш
одржувајќи го безбедносното
растојание од уредот за сечење.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана
и конструирана за:
• сечење и регулација на жива ограда
и грмушки коишто имаат мали
гранки (не се подолги од 15 мм)
• Само еден оператор може да ја користи.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
MK - 4