Главни Делови; Распакување; Команди За Контрола; Рачка На Командата За Сечивото - Stiga HT 40 Li Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 160
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови коишто соодветствуваат
на следните функции (сл.1 ):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Сечиво (уред со сечиво): соодветен
елемент за сечење на вегетација.
C. Предна рачка: овозможува
управување со машината и таму
се наоѓа безбедносното копче.
D. Задна рачка: овозможува управување
со машината и таму се наоѓаат
командите за главната контрола.
E. Заштита за сечивото (при транспорт и
преместување на машината): спречува
несакан контакт со уредот со сечивото
што може да доведе до тешки повреди
F.
Батерија (ако не се доставува со
машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"):
уред којшто овозможува електрично
напојување за машината. Нејзините
одлики и условите за употреба се
опишани во засебно упатство.
G. Полнач за батерија (ако не се доставува
со машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"): уред
којшто служи за полнење на батеријата.
Неговите одлики и условите за употреба
се опишани во засебно упатство).
4. РАСПАКУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Распакувањето треба да се
изврши на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување
на машината и на амбалажата
користејќи секогаш соодветни алати.
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ја машината од кутијата.
4. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 РАЧКА НА КОМАНДАТА ЗА
СЕЧИВОТО (УРЕД СО СЕЧИВОТО)
Рачката за команда на сечивото (сл. 3.A)
служи за да се активира сечивото.
Работата на уредот со сечивото (сл.
1.B) е можна само со истовремено
притискање на рачката за управување со
сечивото (сл. 3.A), копчето за блокирање
на командата за сечивото (сл. 3.В) и
безбедносното копче (сл. 3.C).
Уредот со сечивото застанува
автоматски со пуштање на рачката.
5.2 КОПЧЕ ЗА БЛОКИРАЊЕ НА
КОМАНДАТА ЗА СЕЧИВОТО
Копчето за блокирање на командата за
сечивото (сл. 3.В) овозможува активирање на
рачката со командата за сечивото (сл. 3.A).
5.3 БЕЗБЕДНОСЕН ПРЕКИНУВАЧ
Безбедносниот прекинувач поставен
на предната рачка (сл. 3.C) обезбедува
дополнителна безбедност кога треба
да се притисне заедно со рачката
со командата за сечивото за да се
активира уредот со сечивото.
Уредот со сечивото застанува автоматски
со пуштање безбедносниот прекинувач.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
MK - 6

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières