Télécharger Imprimer la page

Stiga SBC 627 K Manuel D'utilisation page 242

Masquer les pouces Voir aussi pour SBC 627 K:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 167
киран.
– Вметнете го регистерот (17) на кабелот за заб-
рзувачот во отворот на потпората и поврзете
го конецот (18) на рачката за карбураторот (19).
Потоа дејствувајте соодветно врз навртките
(20) за да постигнете затегнатост на кабелот и
да го блокирате регистерот во потпората.
– Поврзете ги двата терминала на каблите (21)
и (22) со соодветните кабли на моторниот дел.
1.2 ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА ЗА
УРЕДОТ ЗА СЕЧЕЊЕ (сл. 5)
ВНИМАНИЕ!
  Секој  уред  за  сечење  е  снаб-
ден со соодветна заштита. Не користете нико-
гаш  други  видови  заштита  од  посочените  за 
секој тип на сечиво.
ВНИМАНИЕ!
  Носете  заштитни  ракавици  и 
поставете ја заштитата на ножот.
– Извадете ги шрафовите (1) од заштитата (2).
– Вметнете го крилцето (3) во лежиштето на за-
штитата (2) и фиксирајте за заштитата со шра-
фовите (1).
1.3 МОНТИРАЊЕ И РАСКЛОПУВАЊЕ
НА УРЕДОТ ЗА СЕЧЕЊЕ И НА
ПОДГОТОВКАТА ЗА ЗАШТИТАТА
ВНИМАНИЕ!
  Користете  само  оригинален 
уред  за  сечење  или  оној  што  го  препорачува 
производителот.
1.3.1 Избор на уредот за сечење
Изберете го уредот за сечење којшто најмногу од-
говара на работата што треба да се изврши спо-
ред следните индикации:
– ножот со 3 запци е наменет за сечење ниски
грмушки и мали жбунови со дијаметар најмногу
до 2 цм;
– ножот со 4 запци е наменет за сечење на от-
порна трева, на широки полиња;
– макарата со конец може да елиминира висо-
ка трева и бездрвна вегетација во близина на
ѕидови, огради, темели, патеки, околу дрвја,
итн., или за комплетно чистење на дадена об-
ласт во градината;
– сечиво на пила (ако има) овозможува сечење
на дрвени парчиња и соборување на дрвја со
мали димензии.
На секој уред за сечење треба да се става соод-
ветната заштита како што е посочено подолу.
ВАЖНО  Уредите  за  сечење  се  фиксирани  со  ко-
нец  којшто  се  одвртува  ако  вртите  во  правецот 
стрелките  на  часовникот  и  се  затегнува  обратно 
од стрелките на часовникот. Извадете ги сите еле-
менти што се евентуално поставени и коишто може 
да се користат во различни конфигурации за да се 
користи уредот за сечење.
1.3.2 Сечиво со 3 или 4 запци - сечиво
„Tri-Arc" (сл. 6)
a) Монтирање
– Поставете го внатрешниот прстен (1) на посо-
чениот начин обезбедувајќи нназабувањата да
се поклопат совршено со оние на аголниот про-
должувач (2).
– Поставете ги сечивото (3) и надворешниот
прстен (4) делот на плочата свртена кон сечи-
вото.
– Вметнете го доставениот клуч (5) во соодветни-
от отвор, свртете го сечивото со рака (3) и при-
тиснете го клучот (5) за да се вметне во отворот
на аголниот продолжувач (2) со што ќе се бло-
кира ротацијата.
– Поставете го капачето (6) и затегнете го шрафот
(7) завртувајќи го докрај обратно од правецот
на стрелките на часовникот (25 Nm).
– Извадете го клучот (5) за да се овозможи
ротација.
б) Порамнување на заштитата
– Извадете ја дополнителната заштита (8 - ако е
веќе поставена), откачувајќи ги закачувалки-
те вметнати во соодветните места за зашти-
тата (9).
в) Вадење
– Вметнете го доставениот клуч (5) во соодветни-
от отвор, свртете го сечивото со рака (3) и при-
тиснете го клучот (5) за да се вметне во отворот
на аголниот продолжувач (2) со што ќе се бло-
кира ротацијата.
– Отшрафете ја навртката (7) во правецот на
сказалките на часовникот и извадете го капа-
кот (6).
– Одвртете го надворешниот круг (4) и потоа из-
вадете ги сечивото (3) и внатрешниот прстен (1).
1.3.3 Камара со конец (сл. 7)
a) Монтирање
– Поставете го внатрешниот прстен (1) на посо-
чениот начин обезбедувајќи назабувањата да
се поклопат совршено со оние на аголниот про-
должувач (2).
– Вметнете го доставениот клуч (3) во соодвет-
ниот отвор на внатрешниот прстен (1), сврте-
те го овој прстен со рака притискајќи го клу-
чот докрај (3) за да се вметне во отворот на
аголниот продолжувач (2) со што ќе се блоки-
ра ротацијата.
6

Publicité

loading