Télécharger Imprimer la page

Stiga SBC 627 K Manuel D'utilisation page 237

Masquer les pouces Voir aussi pour SBC 627 K:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 167
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА.
MK
Зачувајте за секое идно навраќање
СОДРЖИНА
Запознајте ја машината ..................................... 10
Безбедносни мерки ........................................... 12
Правила за употреба ........................................ 14
1. Составување на машината ......................... 14
2. Подготовка за работа ................................. 16
3. Употреба на машината ................................ 17
4. Работни режими и техники на работа .. 18
5. Редовно одржување ................................... 21
6. Вонредно одржување ................................. 23
7. Дијагностика ................................................ 23
КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во ова упатство, неколку пасуси коишто содржат
информации од особена важност, се потенцира-
ни во разни степени на евидентирање, каде што
најважно е следното:
ЗАБЕЛЕШКА  или
ВАЖНО  Даваат  прецизни  или  други  информации 
како  што  е  претходно  наведено,  со  цел  да  не  се 
оштети машината или да не се предизвика штета.
ВНИМАНИЕ!
  Можност  за  лични  повреди 
или повреди на други лица во случај на невни-
мание.
ОПАСНОСТ!
  Можност  за  тешки  лични 
повреди или повреди на други лица, па дури и 
смрт во случај на невнимание.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ЗАБЕЛЕШКА – соодветните слики за насоките
се наоѓаат на стр. 2 во ова упатство.
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема
и конкретно преносен поткаструвач на грмушки/
поткаструвач на жива огада со термички мотор
предвиден за домашна употреба.
Машината главно се состои од мотор којшто со
помош на осовина за пренос сместена во цевка
и аголен придвижувач активира уред за сечење
конфигуриран за разни типологии за работа со
разни функции.
Операторот може да ја држи машината со помош
на заштитна опрема и може да ги вклучува основ-
ните команди постојано одржувајќи го уредот за
сечење на безбедносно растојание.
Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана и конструирана за:
– за сечење на трева и ниска вегетација, со помош
на најлонски конец (на пр. цветни леи, мали гра-
дини, жива ограда, шпалири, зелени површини
со ограничена висина за лесно обликување ),
– за сечење на висока трева, грмушки, гранчиња
и шумски бусени со дијаметар од најмногу 2 цм
и со помош на метални или пластични ножеви.
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од горенаве-
дените, може да претставува опасност и да пре-
дизвика повреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како при-
мер, но не се ограничува на следното):
– употреба на машината за метење,
– регулирање на жива ограда или други работи
кога уредот за косење не се користи заради ни-
вото на теренот,
– поткастрување дрвја,
– употреба на машината со уредот за сечење над
линијата на ременот на операторот,
– употреба на машината за сечење материјали
што не се од вегетативна природа;
– употреба на машината од страна на повеќе
луѓе.
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
И КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност
3. Година на производство
4. Модел за референца на производителот
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Број на емисии
8. Код на производ
11. Моторна единица
12. Цевка за трансмисија
13. Уред на сечивото
a. нож со 3 запци
б. макара со конец
14. Заштита на уредот за сечење
15. Предна рачка
16. Граничник
17. Шипка на ракофатот
18. Задна рачка
19. Точка за прицврстување
(на заштитната опрема)
1

Publicité

loading