3.1b
Подготовка за косење и заден испуст на тревата
– Извадете ја вреќата и проверете дали заштитата со задниот ис-
пуст (1) е стабилно спуштена.
4.4a
Подготовка за косење и дробење на тревата (функција
„дробење" - mulching,
ако е предвидено)
– П одигнете ја заштитата со задниот испуст (1), вметнете го ка-
пакот на дефлекторот (5) во отворот на излезот и буткајќи го
додека не го закачите правилно за задниот профил на работ од
отворот на излезот.
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), подигнете ја зашти-
тата со заден испуст (1) и извлечете го држејќи го подигнато за да се
откачи од задниот профил на работ од отворот на излезот.
3.2
Проверете дали батеријата е наполнета и правилно вмет-
ната во своето лежиште како што е посочено во точка 4.4.
Отворете ја вратичката (1), потоа вметнете го безбедносниот клуч
(2), со тоа што треба да слушнете звук на „кликнување".
За вклучување на моторот, притиснете го безбедносното копче (2)
и повлечете една од двете рачки (1) на прекинувачот.
3.3
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето
се изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци.
Кога вреќата за собирање трева ќе се наполни, собирањето нема
да биде ефикасно и звукот на машината се менува.
За вадење и празнење на вреќата:
– п уштете ја рачката за прекинувачот и почекајте да запре сечи-
вото,
– п одигнете ја заштитата со заден испуст, зафатете ги ракофатите
и извадете ја вреќата држејќи ја исправено.
• В о случај на „дробење" - mulching: секогаш избегнувајте да
косите огромна количина на трева. Никогаш не косете повеќе
од една третина од вкупната висина на едно поминување! При-
лагодете ја брзината на движење во согласност со условите на
тревникот и со количината на положената трева.
3.4
На крајот на работата, отпуштете ги двете рачки (1).
ПОЧЕКАЈТЕ СЕЧИВОТО ДА ЗАСТАНЕ пред да извршите каква
било интервенција на тревокосачката.
Отворете ја вратичката (1) и извадете го безбедносниот клуч (2) со
притиснување на крилцето за исклучување.
ВАЖНО - Во случај кога во текот на работата моторот ќе престане
да работи заради презагревање, неопходно е да почекате при-
ближно 5 мин. пред повторно да го вклучите.
4. КОНЗЕРВАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - неопходно е редовно и правилно одржување за
долготрајно задржување на безбедносното ниво и првобит-
ната исполнителност на машината.
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
1) Носете заштитни ракавици за работа при секоја интервенција за
чистење, одржување или регулација на машината.
2) По секое косење, отстранете ги остатоците од трева и кал што
се наталожиле од внатрешната страна на куќиштето за да избег-
нете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење
заради исушување.
3) Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослобо-
дени од остатоци од косењето.
ВНИМАНИЕ - Извадете го безбедносниот клуч пред да ја одло-
жите машината и пред да спроведете каква било интервенција
за чистење и одржување.
4.1
(Mодел 380)
Ако е неопходно, машината може да се одложи вертикално за-
качена за кука.
ВНИМАНИЕ - обезбедете куката или соодветниот систем за
фиксирање да се адекватни за да ја издржат тежината на ма-
шината. Обрнете внимание и надгледувајте соодветно за да се
спречи деца или животни да се качуваат по машината со што
ќе додадат дополнителен товар на куката.
Закачете ја машината на начин сечивото да остане насочено
кон ѕид или соодветна заштита за да не претставува опасност
66
во случај на случаен или ненамерен контакт со возрасни лица,
деца или животни.
При вертикално одложување на машината, деблокирајте ги
дршките (1 - Тип „I") или разлабавете ги регулаторите (2 - Тип „II")
и свртете го ракофатот напред за да се совпадне клинот обележен
со «>» ИСКЛУЧИВО со жлебот означен со «S» на забалото, а потоа
блокирајте ги дршките (1 - Тип „I") или регулаторите (2 - Тип „II").
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
4.2
Секоја интервенција врз сечивата мора да се извршува во
специјализиран сервис каде што има посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени сечивата што го носат знакот:
810041570 (за модел 340)
81004156/0 (за модел 380)
Сечивата треба секогаш да се обележани со знакот «GGP». Заради
развојот на производот, горенаведените сечива треба со време
да се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и
функционална безбедност.
Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето
свртени кон теренот, следејќи го посочениот редослед на сликата.
Затегнете ја централната навртка (1) со динамометрички клуч со
калибрација од a 30 Nm (Модел 340) или 16-20 Nm (Модел 380).
4.3
Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на
електричните делови.
Не користете абразивни течности за чистење на куќиштето.
4.4
ПОЛНЕЊЕ И ГРИЖА ЗА БАТЕРИЈАТА
ЗАБЕЛЕШКА
1. Б атеријата треба да се чува во средина и на температура меѓу
0° и + 45°C. Во случај кога се поставува во машината во средина
каде има можност да се надминат овие ограничувања, потребно
е да се извади батеријата и да се постави одново на соодветно
место.
2. З а време на употребата, батеријата е заштитена од комплетно
празнење преку заштитниот уред кој што ја исклучува машината
и ја блокира работата.
3. Б атеријата се доставува со заштита што го прекинува полнењето
ако температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
4. Б атеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без
ризик од оштетување.
4.4a
Проверка на состојбата на батеријата
За да го проверите статусот на наполнетост на батеријата (4), при-
тиснете го копчето (4а) коешто активира три ЛЕД-светилки (4b)
коишто го посочуваат следното:
Број и значење
на светлото
3 постојано ЗЕЛЕНО светло
2 п остојано ЗЕЛЕНО светло
1 постојано ЗЕЛЕНО светло
1 постојано ЦРВЕНО светло
* Батеријата е оштетена и треба да се замени
4.4b
Исклучување и полнење на батеријата
Батеријата треба да се наполни по секоја работа.
За полнење на батеријата:
– о творете ја вратичката (1), потоа извадете го безбедносниот клуч
(2),
– с вртете ја рачката (3) и извадете ја батеријата (4),
– с тавете ја батеријата (4) во нејзиното лежиште на полначот на
батеријата (5) потурнувајќи ја докрај.
– п оврзете го полначот на батерии (5) во извор на ел. енергија со
соодветен напон како оној што е посочен на етикетата.
Времетраењето за полнење се означува со ЗЕЛЕНАТА лед-светилка
(5a) којашто трепка приближно 3-5 часа (кога батеријата е целосно
испразнета) при што системот за интелигентно управување обе-
збедува одржување на оптимални параметри за напонот и струјата
соодветно на температурата.
Автономија
на батеријата
3/3
≥
2/3
≥
1/3
≤
0*