Безбедносни Мерки - Stiga EL 340 Li Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 34
MK
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
ДО КОИ ТРЕБА СТРОГО ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА 
ЗАЧУВАЈТЕ ГО ИДНИ НАВРАЌАЊА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно тревокосачка со оператор на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто придвижува сечиво сместено во картер и има 
тркала и рачка. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните 
команди држејќи се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од сечивото што се врти. 
Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на моторот и на сечивото 
по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа  машина  е  дизајнирана  и  произведена  за  косење  (и  собирање)  трева  во  градини  и  на 
тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што се спроведува во присуство 
на оператор којшто оди.
Присуството на дополнителната опрема и на одредени уреди овозможува собирање на покосе-
ната трева, но може и да го предизвикува ефектот на „дробење" и положување на покосената 
трева врз теренот. 
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети 
за лица и/или предмети. Настануваат при неправилна употреба (како на пример, но не е огра-
ничено на следното):
–  превоз на лица, деца или животни врз машината,
–  при транспорт на машината,
–  употреба на машината за влечење или буткање товар,
–  употреба на машината за собирање лисја или гранки,
–  употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева,
–  употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
–  вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева.
 A)  ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со командите и со правилното користење 
на машината. Научете бргу да го запирате моторот.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината или други лица кои не се детално 
запознаени со упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст 
на корисникот.
3) Никогаш не користете ја тревокосачката: 
–      к ога во непосредна близина има други лица, особено деца или животни;
–      д околку корисникот користел лекови или други штетни супстанци што влијаат врз капаците-
тот за навремено реагирање и внимание.
4) Имајте на ум дека корисникот или операторот се одговорни за незгодите или опасностите 
по други лица или нивниот имот.
 Б)  ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1)  Во текот на косењето, секогаш носете цврсти обувки и долги пантолони. Не вклучувајте ја 
тревокосачката со боси нозе или отворени сандали. Избегнувајте да носите облека со делови 
што се виорат или имаат реси или ленти.
2)  Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете сe што би можело да биде 
отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни остатоци, 
коски, итн.).
3)  Пред употреба, направете детален преглед со особено внимание на сечивата и проверете 
дали  навртките  и  уредот  за  косење  се  изабени  или  оштетени.  Заменете  ги  сите  сечива  и 
оштетени или истрошени навртки за да ја одржите рамнотежата. Заменете ги оштетените или 
нечитливите етикети.
 В)  ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
1)  Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление. 
2)  Избегнувајте работа на мокра трева или додека врне. 
3)  Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на закосени терени.
4)  Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајќи при тоа да ве влече тревокосачката. 
5)  Косете попречно на закосен терен, никогаш нагоре – надолу. 
6)  Обрнете максимално внимание на промена на теренот при закосеност.
7)  Не косете на терени што се многу закосени. 
8)  Обрнете максимално внимание кога ја влечете тревокосачката кон себе. 
9)  Застанете го сечивото ако тревокосачката треба да се закоси при транспорт, кога се по-
минува преку терени без трева и кога тревокосачката се носи кон теренот на кој треба да се 
коси и обратно.
10)  Никогаш  не  вклучувајте  ја  машината  ако  заштитите  се  оштетени  или  нема  вреќа  за 
собирање на тревата или без заштити за испустот. 
11)  Внимателно вклучете го моторот според упатството и држете ги нозете подалеку од се-
чивото. 
12)  Не закосувајте ја тревокосачката кога го палите моторот освен ако тоа не е неопходно за 
палењето. Во тој случај, не закосувајте ја повеќе од потребното и подигнете го само делот што 
е подалеку од операторот. Секогаш проверувајте дали двете раце се во позиција за работа пред 
да ја спуштите тревокосачката.
13)  Не вклучувајте ја машината кога стоите пред отворот на испустот.
14)  Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што ротираат. Секогаш стојте 
оддалечено од отворот за празнење. 
15)  Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја тревокосачката кога работи моторот. 
16)  Запрете  ја  машината  и  извадете  го  клучот.  Проверете  дали  сите  делови  што  се  движат 
се застанати целосно:
–  при транспорт на тревокосачката,
–  секојпат кога ја оставате тревокосачката без надзор,
–  пред да ги отстранувате причините за блокирање или чистење на испусниот канал,
–  пред проверка, чистење или работа врз машината,
–    п о удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални оштетувања на тревокосачката 
и поправете ги пред да одново да ја користите машината. 
Доколку машината почне да вибрира на ненормален начин (проверете веднаш):
–  проверете дали има оштетувања, 
–  заменете или поправете ги оштетените делови во специјализиран сервисен центар,
–  проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги.
17)  Запрете го моторот:
–  секојпат кога ја вадите или поставувате корпата за покосена трева,
–  пред да ја регулирате висината на косење.
18)  Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од ротирачките сечива која 
се определува со должината на ракофатот.
19)  ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исклучете 
го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други оштетувања. Во 
случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон по-
64
стапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен 
центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци 
од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат 
незабележано во машината. 
 Г)  ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1)  Сите  завртки  и  навртки  одржувајте  ги  соодветно  зацврстени  за  да  бидете  сигурни  дека 
машината е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и 
за одржување на нивото на ефикасност. 
2)  Честопати проверувајте ги заштитите за испустот и вреќата за собирање трева за да обе-
збедите дека може да се користат или се оштетени.  
3)  Во  текот  на  операциите  за  регулирање  на  машината,  обрнете  внимание  и  избегнувајте 
прстите да ви се наоѓаат заглавени меѓу сечивото во движење и фиксните делови на машината. 
4)  Пред одлагање на машината, проверете дали се изладила.
5)  Во текот на интервенциите врз сечивото, внимавајте бидејќи сечивото може да се придвижи 
дури и кога клучот е изваден.
6)  Заради  безбедност,  не  употребувајте  ја  машината  никогаш  ако  некои  делови  се  во  лоша 
состојба или се оштетени. Деловите треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Кори-
стете  оригинални  резервни  делови.  Деловите  со  несоодветен  квалитет  може  да  ја  оштетат 
машината и да ја загрозат личната безбедност. 
7)  За намалување на ризикот од запалување, ослободете ја тревокосачката, а особено моторот 
од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Не оставајте ги корпите со покосена трева 
во затворен простор.
 Д)  ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
1)  Пред  секоја  употреба,  проверете  дали  машината  покажува  знаци  на  оштетеност.  Евен-
туалните  поправки  треба  да  се  направат  во  специјализиран  сервисен  центар.  Застанете  ја 
машината и извадете го клучот ако почне да вибрира на ненормален начин и обратете се во 
специјализиран сервисен центар.
2)  За време на палењето, двете раце треба да се ракофатот.
3)  Изабените делови треба да се заменат во специјализиран сервисен центар.
4)  Никогаш  не  поврзувајте  оштетен  кабел  во  извор  за  напојување  и  не  допирајте  оштетен 
кабел што е веќе поврзан во струја. Оштетен или изабен кабел може да предизвика контакт 
со делови под напон.
5)  Не допирајте го сечивото ако клучот не е изваден и додека сечивото не запре да се движи 
докрај.
6)  Носете заштитни ракавици при вадење или повторно ставање на сечивото.  
7)  Проверете ја изедначеноста на сечивото по острење.   Сите операции што се поврзани со 
сечивото  (вадење,  острење,  изедначување,  повторно  ставање  и/или  замена)  се  одговорни 
работи и изискуваат специфична компетентност и соодветни алати. Од безбедносни причини, 
истите треба секогаш да се прават во специјализиран сервисен центар.
8)  Прочитајте ги внимателно сите упатства за употреба на машината на безбеден начин. 
9)  Користете  само  полначи  за  полнење  на  батериите  што  ги  препорачува  производителот. 
Несоодветен  полнач  за  батеријата  може  да  предизвика  електричен  удар,  прегревање  или 
протекување на корозивната течност од батеријата.
10)  Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба 
на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
11)  Батерија  во  неисправна  состојба  може  да  предизвика  протекување  на  течноста. 
Избегнувајте контакт со течноста. Во случај на случаен контакт, исплакнете со вода. Во случај 
на контакт на течноста со очите, консултирајте се со доктор. Истечената течност од батеријата 
може да предизвика иритација на кожата и изгореници.
 Ѓ)  УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА НА АКУМУЛАТОРИТЕ
1)  Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во 
вклучен електричен апарат може да предизвика инциденти.
2)  Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, 
игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на кон-
тактите.  Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
3)  Акумулаторот не смее никогаш да се отвора.
4)  Никогаш не фрлајте ги искористените батерии во оган -  ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА! 
5)  Поврзувајте го полначот за батерии само за приклучок со напон на струјата како што е по-
сочено на етикетата за идентификација.
6)  Користете само оригинален акумулатор.
7)  За време на продолжена употреба, акумулаторот може да се прегрее. Оставете го да се 
излади пред да го полните.
8)  Не чувајте ги акумулаторот и полначот за батерии на дофат на деца.
9)  Не користете го полначот за батерии на места каде има запаливи испарувања или супстанци. 
10)  Полнете ги акумулаторите само со температура меѓу 10°C и 40°C.
11)  Никогаш не чувајте ги акумулаторите во средина со температури повисоки од  40°C.
12)  Никогаш не предизвикувајте краток спој меѓу контактите на акумулаторите и не поврзувајте 
ги со метални предмети.
13)  За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој 
меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.
14)  Краток  спој  на  акумулаторот  може  да  предизвика  експлозија.  Во  секој  случај,  краткиот 
спој го оштетува акумулаторот.
15)  Редовно  контролирајте  дали  е  оштетен  кабелот  на  полначот  на  батерии.  Ако  е  кабелот 
оштетен, мора да се смени целиот полнач на батерии.
16)  Полнете ги акумулаторите докрај пред да ги одложите за зимскиот период.
17)  Заштитете го полначот за батеријата од влијанија на дожд или влага. Со навлегување на 
водата во полначот за батерија се зголемува ризикот за краток спој.
18)  Одржувајте  го  полначот  за  батеријата  чист.  Акумулација  на  нечистотија  може  да  пре-
дизвика краток спој. 
19)  Не користете го полначот за батеријата во средини каде има запаливи супстанци или лесно 
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата 
се загрева и може да предизвика оган.
20)  Дефектен  полнач  за  батерија  или  неправилна  употреба  на  полначот  може  да  преди-
звика емисија на гасови што може да ги иритираат респираторните патишта. Вентилирајте ја 
просторијата со свеж воздух и посетете доктор во случај на потешкотии. 
21)  Чистете ги периодично отворите за вентилација на батеријата со помош на мека, сува и 
чиста четкичка. 
 Д)  ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината, 
треба:
–      д а носите заштитни ракавици,
–      д а ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината 
тежина и распределба на истата;
–      д а ангажирате соодветен број луѓе во согласност со тежината на машината и карактеристи-
ките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата. 
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или 
синџири. 

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

El 380 li

Table des Matières