ST 526 S,
Менувањето на движењето се
ST 625,
прави кога машината стои.
ST 665,
За да го смените движењето,
ST 665 T,
постапете како што следи:
ST 726 T
• Застанете ја машината
пуштајќи ги командата за
движење (сл. 14.D) и командата
за сечивото (сл. 14.C).
• Преместете ја рачката за
менувачот (сл. 14.A) во
саканата позиција.
• Продолжете со
нормална работа.
ВАЖНО Менувањето на
правецот додека машината се
движи доведува до оштетување
на системот за пренос.
ST 767 H
Менувањето на движењето
се прави во движење.
За да го смените движењето,
постапете како што следи:
• Во текот на нормалната
работа, преместете ја рачката
за менувачот во саканата
положба (сл. 14.A).
ВАЖНО Менувањето на
движењето со застаната
машина е многу потешко.
6.4 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја застанете машината, пуштете
ги командите за сечивото (сл. 14.C) и
командата за движење (сл. 14.D).
За да ја изгасите машината, постапете
согласно еден од следните начини:
• Извадете или свртете го
безбедносниот клуч (сл. 15.A).
• Донесете го забрзувачот (сл. 15.C)
во позиција за застанување.
Доводот на гориво треба
секогаш да биде затворен кога
не ја користите машината.
Моторот може да е многу врел
веднаш по гаснење. Не допирајте ги
издувната цевка и околните делови.
Постои опасност од опекотини.
ВАЖНО Ако треба да се оддалечите
од машината, секогаш вадете го
безбедносниот клуч (сл. 15.A).
6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
• Расчистувањето на снегот е поефикасно
кога тој е уште свеж. Поминете неколку
пати по зоните што веќе сте ги исчистиле
за да ги расчистите остатоците од снег.
• Ако е можно, исфрлајте го снегот
во правецот на ветрот. Проверете
го растојанието и правецот на
расфрлање на снегот.
• Ако има силен ветер, спуштете го
дефлекторот за да го насочува снегот врз
земјата со што се намалува можноста
ветрот да го разнесе во несакан правец.
• На крајот на работата, оставете ја
машината да работи уште неколку
секунди за да избегнете формирање
мраз кај отворот за исфрлање.
• Секогаш одржувајте соодветна брзина во
однос на снегот и регулирајте ја така што
снегот ќе се исфрла со постојан проток.
• Намалете ги вртежите на моторот
пред да го изгаснете.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Исчистете ја машината (пасус 7.4).
• Поместете ги сите команди
напред и назад неколку пати.
• Проверете дали придушувачот е исклучен.
• Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки.
Не покривајте ја машината додека
не се изладат моторот и придушувачот.
7. ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
ВАЖНО Безбедосните мерки
што треба да се следат во текот на
одржувањето се наведени во пас. 2.4.
сите постапки за интервенција
и одржување треба да се извршат
кога машината е застаната и моторот
е изгаснат. Извадете го клучот и
прочитајте го соодветното упатство
пред да започнете какви било дејства
за одржување или поправка.
носете соодветни обувки, ракавици
и очила пред да работите на одржување.
MK - 12