опасни јаглерод моноксидни гасови.
Операциите за палење треба да се
изведат на отворено или во простор
којшто добро се проветрува. Запомнете
дека издувните гасови се отровни.
• Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветление
и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и
животните од областа за работа.
Неопходно е децата да бидат под
надзор на друго возрасно лице.
• Обрнете особено внимание кога ја
користите машината на патеки во
градината, тротоари и на улици или
кога ги преминувате. Внимавајте
на сокриените опасности.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
Однесување
• Не насочувајте го отворот за испустот
наспроти ветрот или кон луѓе, животни,
возила, домови и кон сè друго што може
да се оштети со снегот. Не дозволувајте
никој да стои пред машината.
• Никогаш не користете го чистачот
за снег во близина на огради,
автомобили, прозори, плочници и
слично без да го регулирате соодветно
дефлекторот на делот со испустот.
• Не приближувајте ги нозете и рацете
до ротирачките делови. Држете се
подалеку од отворот на делот за
исфрлање на снегот. Одржувајте го
отворот за исфрлање секогаш чист.
• Ако чистачот за снег исфрли страни тела
или пројавува ненормални вибрации,
изгасете го моторот, извадете го клучот,
почекајте да се смират деловите што
се движат и темелно проверете ја
машината за да утврдите дека нема
оштетувања. Нормално, вибрациите
се симптом за присуство на проблем.
Поправете ги можните дефекти
пред да ја употребите машината.
• Пред да се оддалечите од машината,
исклучете ги сите команди и
извадете го клучот за палење од
лежиштето на машината.
• Пред да работите на поправки, чистење,
проверка и регулација, изгасете го
моторот, извадете го клучот и почекајте
да се смират деловите што се движат
(освен ако нема други изречни насоки
во упатството). Извадете ги каблите
од електричниот мотор. (По избор)
• Не допирајте ги деловите на моторот
што се загреваат во текот на
работата. Ризик од опекотини.
• Не користете ја машината со голема брзина
на движење на лизгави терени. Обрнете
внимание кога одите наназад. Погледнете
зад неа пред и при движење наназад за
да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Исклучете го сечивото кога
ја транспортирате машината
или кога не ја користите.
• Секогаш проверувајте дали добри
услови за рамнотежа и цврсто држете
ја рачката. Одете, не трчајте.
Ограничување при употреба
• Не користете ја машината попреку на
закосен терен. Секогаш движете се
одгоре надолу, а потоа оддолу нагоре.
Обрнете внимание кога го менувате
правецот на закосен терен. Избегнувајте
голем степен на закосени терени.
• Не користете ја машината ако заштитата
не е задоволителна и ако безбедносните
уреди не се правилно поставени.
• Не исклучувајте ги манометарот
и безбедносните системи.
• Не менувајте ги регулациите на моторот
и не доведувајте го моторот во голем
режим на работа. Ако моторот почне да
работи со прекумерен број на вртежи,
ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не прегревајте ја машината
управувајќи ја со голема брзина.
• Не ставајте ги рацете во отворот или во
делот за исфрлање без претходно да го
исклучите моторот и да го извадите клучот.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ
И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно
одложете ја машината за да ја одржите
безбедноста на машината.
Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се
поправаат. Користете само оригинални
резервни делови: употребата на
делови коишто не се оригинални и/или
несоодветно поставени може да доведат
до инциденти или лични повреди, а
со тоа се ослободува производителот
од секоја обврска или одговорност.
Одржување
• Ако резервоарот треба да се испразни,
истото треба да се прави на отворено
и кога моторот е изладен.
• За да го намалите ризикот од пожар,
редовно проверувајте дали има
пролеано масло и/или гориво.
MK - 3