Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 F2VC23L Notice Originale page 60

Publicité

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Струја макс.
Напојување макс.
Заштитна класа
Класа на заштита
Проток на воздух
Вакуум
Волумен на суво вшмукување
Волумен на влажно вшмукување
Тип со филтер
Дијаметар на вшмуувачко црево
Должина на цревото за вшмукување
Димензии
Тежина без батерија
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
(2x Li-Ion 2,0 Ah ... 12,0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата:
Измерените вредности се одредени согласно стандардот ISO 4871.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрациите според ЕN 60335-2-69 Вкупни
вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно ISO 5349.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Внимателно прочитајте го
упатството за употреба пред да го користите апаратот.
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/
или тешки повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Корисникот мора да биде информиран
во доволна мерка во врска со употребата на апаратот!
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА СИСТЕМ ЗА ВСМУКУВАЊЕ
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи деца) со намалени телесни, сензорични
или душевни способности или со недостаток на
искуство односно стручно знаење, освен во случај
кога наведените лица соодветно се инструирани или
надгледувани од страна на лице кое што е одговорно за
нивната безбедност. Покрај тоа децата ионака треба да
бидат надгледувани за да бидете сигурни дека нема да
играат со апаратот. Чистење и одржување на апаратот не
смее да вршат деца без соодветен надзор.
Овој апарат може да се користи само под надзор.
Опасност од пожар и експлозија!
Никогаш не ставајте во машината запалливи раствори,
или течност како бензин, масло, алкохол, разредувачи, или
мали делови (како метални делови или пепел) кои можат да
бидат потопли од 60оС, во спротивно постои опасност од
експлозија и пожар!
Не е дозволено да се користи направата во близина на
запалливи гасови или супстанции.
Не го вперувајте врвот, цревото или цевката кон луѓе или
животни.
118
M18 F2VC23L
Систем за всмукување
4910 85 02 XXXXXX MJJJJ
2x 18 V ⎓ (36 V ⎓)
18,6 A
670 W
III
IPX4
3
3086 l/min / 185 m
192 hPa / 192 mbar
23 l
23 l
HEPA H13
48 mm
275 cm
355 x 710 x 395 mm
13,4 kg
13,8 ... 14,9 kg
-18 ... +40 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
78,0 dB (A) / 3 dB (A)
92,0 dB (A) / 3 dB (A)
< 2,5 m/s
2
/ 1,5 m/s
Не доближувајте ја косата, делови од облеката или телото
во близина на отвори и до подвижните делови од апаратот.
Не използвайте уреда, ако някой от отворите е блокиран и не
пъхайте никакви предмети в отворите. Чувајте ги отворите
чисти од прашина, текстилни влакна, коса и други материјали
кои можат да го намалат протокот на воздух.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии
од M18 систем. Не користете батериски пакувања од други
системи.
Пред да започне со работа, сервисниот персонал на
апаратот, треба да биде информиран за:
ракување со апаратот
ризиците, кои произлегуваат од вшмуканиот материјал
безбедно отстранување на вшмуканиот материјал
Оваа мобилна правосмукалка е дизајнирана, развиена и
внимателно тестирана за ефикасно и безбедно работење,
под услов кога правилно се одржува и се користи во
согласност со следните упатства.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Апаратот кој што е опишан во ова упатство за употреба е
погоден за
МАКЕДОНСКИ
• за индустриска употреба на пр. во лаборатории, хотели,
училишта, болници, фабрики, продавници, бироа и закупни
деловни протории.
• индустриска употреба, како на пример машински
постројки, градилишта и работилници.
• одвојување на прав со експозициска гранична вредност од
поголемо од 1 мг/м³(класа на прав L).
Не смеат да се всмукуваат следните материјали:
• опасни прашини од класите M и H
• жешки материјали (цигари што тлеат, жешка пепел итн.)
/h
• запаливи, експлозивни, агресивни течности (на пример
бензин, разредувачи, киселини, бази итн.)
• запаливи, експлозивни прашини (на пример магнезиумова,
алуминиумова прашина итн.)
За машини со класа на прашина L (со ознака на типот -L)
важи следново:
• Апаратот е погоден за собирање на сува, незапалива
прашина, опасни прашини со OEL вредност > 1mg/m³.
• Класа на прашина L (IEC 60335-2-69)
• Прашините од оваа класа имаат OEL вредности > 1mg/m³
• За машини од класата на прашина L, филтер материјалот
е тестиран. Максималниот степен на пропуштање е 1% и
нема посебни барања за отстранување.
• За аспиратори на прашина, обезбедете соодветна стапка
на промена на воздух L, кога издувниот воздух се враќа во
просторијата.
Покрај ова упатство и локалните прописи за избегнување на
несреќи, исто така треба да се почитуваат и прописите за
безбедност и за одговорно користење на апаратот.
Несреќите, како резултат на неправилното користење можат
да бидат спречени само од страна на корисникот.
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ КОН СИТЕ
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ.
2
Секое друго користење се смета за користење кое не е
според неговата намена. Произведувачот не превзема
одговорност за такво користење. Ризикот од такво користење
се превзема од самиот корисник. Користењето според
намената вклучува правилна експлоатација, редовно
одржување и поправки, во согласност со упатствата од
производителот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
• Да не се користи без наместени канта за прашина и/или
филтер.
• Не користете за собирање запаливи или согорливи
течности, како на пример бензин или користење во места
каде што ги има.
• Не собирајте ништо што гори или чади, како на пример
цигари, кибритчиња или топол пепел.
• Не собирајте саѓи, цемент, малтер или прашина од
материјали за сува градба без поставен филтер. Тие се
многу фини честички коишто може да влијаат врз работата
на моторот или повторно да бидат исфрлени назад во
воздухот.
• Овој производ е соодветен за собирање на силиконска
прашина кога се користи во согласност со овие упатства.
За да се намали ризикот од опасности за здравјето
од други типови пареа или прашина, не вшмукувајте
канцерогени, токсични или опасни материјали како
на пример азбест, арсен, бариум, берилиум, олово,
пестициди или други материјали што го загрозуваат
здравјето.
• Обратете големо внимание кога празните многу наполнети
резервоари.
• За да избегнете спонтано согорување, испразнете ја
кутијата за прашина по секоја употреба.
• Не го оставајте без надзор аспираторот на прашина
кога е инсталирано акумулаторско пакување. Извадете
го батериското пакување кога не е во употреба и пред
сервисирање.
• Исклучете го батериското пакување од апаратот
пред регулирање, промена на дополнителна опрема
или складирање на апаратот. Ваквите превентивни
безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно
стартување на апаратот.
• Не ставајте предмети во отворите. Не користете ако има
блокирано некој отвор; чувајте без прашина, влакненца,
коса и сите други нешта што би можеле да го намалат
протокот на воздух.
• Одржувајте го аспираторот на прашина. Проверете дали
подвижните делови се ускладени, дали се споени, да не
има скршени делови или какви било други услови кои
би можеле да влијаат врз работата на аспираторот на
прашина. Ако се оштети, поправете го аспираторот на
прашина пред употреба. Многу несреќи се предизвикани
од слабо одржувани алати.
• Функцијата за дување не е наменета за издувување на
натлачена прашина.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батериите што не се полнат не треба да ги полните повторно.
Батериите на полнење мора да се отстранат од уредот пред
полнењето. Празните батерии мора да се извадат од апаратот
и безбедно да се отстранат. Кога апаратот се чува подолго
време, батериите треба да се отстранат.Батриите кои не биле
користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Одржувајте ги чисти контактите на приклучокот на портот за
струја и на батеријата.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте го акумулаторот на температура под 27°C и подалеку
од влага
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и заменете
го. Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
МАКЕДОНСКИ
119

Publicité

loading