Контрола На Точноста На Мерниот Уред; Совети При Работењето - Bosch GRL 250 HV Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 250 HV Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
252 | Македонски
удар (2). Приказот за предупредување за удар (1) свети
постојано зелено. Предупредувањето за удар се
активира 30 s по вклучувањето на предупредување за
удар.
Активирање на предупредување за удар: Доколку при
промена на положбата на мерниот уред се пречекори
полето на точност на нивелирање или се регистрира јак
потрес, се активира предупредувањето за удар:
Ротацијата на ласерот запира, ласерскиот зрак трепка,
приказот за статус се гаси (3) и приказот за
предупредување за удар (1) трепка црвено.
Актуелниот начин на работа се зачувува.
При активирано предупредување за удар, притиснете го
копчето за предупредување за удар (2) на мерниот уред
или копчето за ресетирање на предупредувањето за
удар (28) на далечинскиот управувач. Функцијата за
предупредување за удар одново ќе се стартува и мерниот
уред започнува со нивелирање. Штом ќе се изнивелира
мерниот уред (приказот за статус (3) свети непрекинато
зелено), тој стартува во зачуваниот начин на работа.
Сега проверете ја позицијата на ласерскиот зрак на
референтна точка и коригирајте ја висината одн.
израмнувањето на мерниот уред ако е потребно.
Доколку при активирано предупредување за удар,
функцијата не стартува одново со притискање на копчето
за предупредување за удар (2), на мерниот уред или на
копчето за ресетирање на предупредувањето за
удар (28) на далечинскиот управувач, по 2 min се
исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Исклучување на функција за предупредување за
удар: притиснете го копчето за предупредување за
удар (2) еднаш, одн. при активирано предупредување за
удар (приказот за предупредување на удар (1) трепка
црвено) двапати. Кога е исклучено предупредувањето за
удар, се гаси приказот за предупредување за удар.
Напомена: со далечинскиот управувач, функцијата за
предупредување за удар не може да се вклучи или
исклучи, туку може само одново да се стартува по
активирањето.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Отстапувањата од околу 20 м мерна линија се земаат
како важни и можат при 100 м апсолутно да изнесуваат
двократно или четирикратно од отстапувањето при 20 м.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
1 609 92A 5S1 | (09.09.2020)
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на нивелирање во хоризонтална
положба
За веродостоен и точен резултат за проверка се
препорачува една слободна мерна линија од 30 m на
цврста подлога пред ѕид. Спроведете целосна мерна
постапка за двете оски.
– Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба
30 m на растојание од ѕидот на статив или поставете го
на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
30 m
– По завршување на нивелирањето означете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка I).
d
– Вртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
неговата позиција. Оставете го да се нивелира и
обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот
(точка II). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅱ на ѕидот го дава
фактичкото отстапување од висината на мерниот уред за
измерената оска.
Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го
мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.
На мерна линија од 30 m максималното дозволено
отстапување изнесува:
30 m × ±0,1 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и
Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да изнесува
најмногу 6 mm.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
180°
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières