Монтажа
Напојување со енергија на далечинскиот
управувач
За работењето со далечинскиот управувач се
препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на капакот од преградата за батерии (35)
притиснете на копчето за заклучување (34) во правец на
стрелката и извадете го капакот од преградата за
батерии. Ставете ја батеријата.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку не го користите далечинскиот управувач
u
подолго време, извадете ги батериите. При подолго
складирање во далечинскиот управувач, батериите
може да кородираат и да се испразнат.
Снабдување со енергија на мерниот уред
Мерниот уред може да се користи или со обични батерии
или со Bosch-пакување батерии.
Работење со пакување батерии
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Наполнете го пакувањето батерии (13) пред првата
употреба. Пакувањето батерии може да се наполни
исклучиво со полначот (18) предвиден за таа намена.
Ставете го струјниот приклучок соодветен на Вашата
струјна мрежа (19) во полначот (18) и оставете го да се
вклопи.
Приклучокот за полначот (20) ставете го во отворот за
полнење (17) во пакувањето батерии (13). Приклучете
го полначот на струјната мрежа.
За полнење на празно пакување батерии, потребни Ви се
околу 14 h. Полначот и пакувањето батерии се заштитени
од преполнување.
Новото пакување батерии или пакувањето батерии што
не е употребувано подолго време, полната јачина ја
достигнува по околу 5 циклуси на полнење и празнење.
Не го полнете пакувањето батерии (13) по секоја
употреба, бидејќи ќе се намали неговиот капацитет.
Наполнете го пакувањето батерии, доколку
предупредувањето за батеријата (12) непрекинато свети
или трепка.
Значајно скратеното време на работа по полнењето
покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се
замени.
При празно пакување батерии, мерниот уред може да го
користите со помош на полначот (18) доколку тој е
приклучен на струјна мрежа. Исклучете го мерниот уред
и полнете го пакувањето батерии околу 10 min и
повторно вклучете го мерниот уред со приклучен полнач.
За менување на пакувањето батерии (13) свртете го
копчето за заклучување (16) во позиција
го пакувањето батерии од мерниот уред. Вметнете ново
Bosch Power Tools
пакување батерии во мерниот уред и свртете го копчето
за заклучување (16) во позиција .
Доколку не го користите мерниот уред подолго
u
време, извадете го пакувањето батерии. При
подолго складирање во мерниот уред, батериите може
да кородираат или да се испразнат.
Работа со батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За вадење на преградата за батерии (14) свртете го
копчето за заклучување (15) во позиција
ја преградата за батерии од мерниот уред и ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Вметнете ја преградата за батерии (14) во мерниот уред
и свртете го копчето за заклучување (15) во позиција .
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
u
време, извадете ги батериите одн.
акумулаторските батерии од мерниот уред. При
подолго складирање во мерниот уред, батериите и
акумулаторските батерии може да кородираат и да се
испразнат.
Приказ на состојба на наполнетост
Доколку предупредувањето за батеријата (12) трепка
прво црвено, мерниот уред може да работи уште 2 h.
Доколку предупредувањето за батеријата (12) свети
непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења.
Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 min работа.
Употреба
Заштитете ги мерниот алат и далечинскиот
u
управувач од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не ги изложувајте мерниот уред и далечинскиот
u
управувач на екстремни температури или
температурни осцилации. На пр. не ги оставајте
долго време во автомобилот. При големи осцилации
во температурата, оставете го мерниот уред и
далечинскиот управувач најпрво да се
аклиматизираат, пред да ги ставите во употреба.
Направете проверка за точноста секогаш пред да
продолжите со работа со мерниот уред (види
„Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 252).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
и извлечете
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 252).
Македонски | 249
. Извлечете
1 609 92A 5S1 | (09.09.2020)