Автоматика За Нивелирање; Контрола На Точноста На Мерниот Уред - Bosch GPL 3 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GPL 3 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
112 | Македонски
така што на прекинувачот ќе се „0" појави. При
исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Поставување на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 20 min работа.
Автоматиката за исклучување може да се префрли од
20 min на 8 h. Вклучете го мерниот уред, веднаш потоа
исклучете го и потоа во рок од 4 s одново вклучете го. За
потврда на промената, по второто вклучување, сите
ласерски зраци трепкаат 2 s брзо.
При следното вклучување на мерниот уред, автоматиката
за исклучување повторно е поставена на 20 min.
Автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот (8) или на
стативот (16).
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање
автоматски ги израмнува нерамнините во рамки на
полето на самонивелирање од ±5° (должинска оска) одн.
±3° (попречна оска). Нивелирањето е завршено штом
ласерските зраци не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
5° одн. 3° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат
брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално
и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±5° одн.
±3°, ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторно нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталните одн. вертикалните
ласерски зраци во однос на референтните точки, за да се
избегнат грешките при поместување.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
1 609 92A 4HS | (28.01.2019)
Контрола на хоризонталната точност при нивелирање
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
држач, одн. на еден статив или поставете го на цврста,
рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
A
20 m
– Насочете го хоризонталниот ласерски зрак во близина
на ѕидот A. Оставете го мерниот уред да се нивелира.
Означете ја средината на ласерската точка на ѕидот
(точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на точката на
ласерскиот зрак на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
B
B
B
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières