За менување од линиски во ротационен режим,
притиснете го копчето за ротационен режим (5) или
копчето за ротационен режим (26) на далечинскиот
управувач.
За промена на брзината на ротација, притискајте го
копчето за ротационен режим (5) или копчето за
ротационен режим (26) на далечинскиот управувач,
додека не ја постигнете саканата брзина.
При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете
најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски
приемник, намалете ја брзината на ротација за подобра
видливост на ласерскиот зрак и користете ласерски
очила (46).
Линиски режим/точкаст режим
За промена во линиски режим одн. точкаст режим,
притиснете го копчето за линиски режим (11) или
копчето за линиски режим (27) на далечинскиот
управувач.
Мерниот апарат се менува во линиски режим со
најмалиот агол на отворање.
За промена на аголот на отворање притискајте го
постојано копчето за линиски режим (11) или копчето за
линиски режим (27) на далечинскиот управувач, додека
не се појави саканиот режим на работа. Аголот на
отворање се зголемува постепено при секое
притискање, истовремено се зголемува и брзината на
ротација со секој степен.
Мерниот уред се менува по кратко осцилирање во
точкаст режим со најмалиот агол на отворање. Со одново
притискање на копчето за линиски режи (11) води назад
кон линискиот режим со најмалиот агол на отворање.
Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може
да излезе малку над крајните точки на ласерската линија.
Функции
Вртете ја линијата/точката во хоризонтална
положба во ротационото ниво (види слика A)
При хоризонтална положба на мерниот уред, може да ја
позиционирате ласерската линија одн. ласерската точка
во ротационото ниво на ласерот. Можно е вртење за
360°.
Свртете ја рачно ротационата глава (10) во саканата
позиција или користете го далечинскиот управувач: за
вртење во правецот на стрелките на часовникот,
притиснете го копчето за вртење во правецот на
стрелките на часовникот (29) на далечинскиот
управувач, за вртење во правец спротивен на стрелките
на часовникот, притиснете го копчето за вртење во
правец спротивен на стрелките на часовникот (30) на
далечинскиот управувач. Во ротационен режим,
притискањето на копчето нема дејство.
Bosch Power Tools
Вртење на ротационото ниво во вертикална
положба (види слика B)
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги
вртите ласерската точка, ласерската линија или
ротационото ниво за едноставно доведување во права
линија или паралелно израмнување во опсег од ±8 %
околу вертикалната оска.
За вртење во правец на стрелките на часовникот
притиснете го копчето за вртење во правец на стрелките
на часовникот (29) на далечинскиот управувач.
За вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот притиснете го копчето за вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот (30) на
далечинскиот управувач.
Автоматика за нивелирање
Преглед
Мерниот уред самостојно ја препознава хоризонталната
одн. вертикалната положба. За менување меѓу
хоризонтална и вертикална положба исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната одн. вертикалната положба и ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање
од околу ±8 % (±4,6°).
За време на нивелирањето, приказот за статус трепка (3)
зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (3) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не
е повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре,
ласерот трепка и приказот за статус (3) свети
непрекинато црвено.
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за
нивелирање. Без одново позиционирање, по 2 min
автоматски се исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, постојано се
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба.
При промени во положбата, автоматски се врши
нивелирање. За избегнување на погрешни мерења, за
време на процесот на нивелирање, роторот стопира,
ласерот трепка и приказот за статус (3) трепка зелено.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар.
При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред
или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките
поради поместување на уредот.
Вклучување/активирање на предупредувањето за
удар: притиснете го копчето предупредување за
Македонски | 251
1 609 92A 5S1 | (09.09.2020)