Монтажа
Напојување со енергија на далечинскиот
управувач
За работењето со далечинскиот управувач се
препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на капакот од преградата за батерии (29)
притиснете на копчето за заклучување (28) во правец на
стрелката и извадете го капакот од преградата за
батерии. Ставете ја батеријата.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку не го користите далечинскиот управувач
u
подолго време, извадете ги батериите. При подолго
складирање во далечинскиот управувач, батериите
може да кородираат и да се испразнат.
Снабдување со енергија на мерниот уред
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За вадење на преградата за батерии (13) свртете го
механизмот за фиксирање (14) во позиција
Извлечете ја преградата за батерии од мерниот уред и
ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Вметнете ја преградата за батерии (13) во мерниот уред
и свртете го копчето за заклучување (14) во позиција .
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Приказ на состојба на наполнетост
Доколку предупредувањето за батеријата (12) трепка
прво црвено, мерниот уред може да работи уште 2 h.
Доколку предупредувањето за батеријата (12) свети
непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења.
Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 min работа.
Употреба
Заштитете ги мерниот алат и далечинскиот
u
управувач од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не ги изложувајте мерниот уред и далечинскиот
u
управувач на екстремни температури или
температурни осцилации. На пр. не ги оставајте
долго време во автомобилот. При големи осцилации
во температурата, оставете го мерниот уред и
далечинскиот управувач најпрво да се
аклиматизираат, пред да ги ставите во употреба.
Направете проверка за точноста секогаш пред да
Bosch Power Tools
продолжите со работа со мерниот уред (види
„Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 219).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 219).
Ставање во употреба на далечинскиот
управувач
Со притискање на контролните копчиња, може да се
исклучи нивелирањето на мерниот уред, така што
ротацијата запира за кратко. Со примена на далечинскиот
управувач, овој ефект се избегнува.
Се додека има доволно напон во батеријата,
далечинскиот управувач е подготвен за работа.
Мерниот уред поставете го на тој начин, така што
сигналите на далечинскиот управувач досегаат до еден
од сензорите (7) во директен правец. Доколку
далечинскиот управувач не може да се насочи директно
.
на сензорот, се намалува работното подрачје. Со
рефлексии на сигналот (на пр. на ѕидовите) дометот
може да се подобри и при индиректен сигнал.
По притискање на едно од копчињата на далечинскиот
управувач, светлата на приказот за пренос на сигнал (25)
покажуваат дека е испратен сигнал.
Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е
можно со далечинскиот управувач.
Ставање во употреба на ротациониот ласер
Одржувајте го работниот простор без пречки кои
u
може да го рефлектираат или попречат ласерскиот
зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени
панели или слични материјали. Може да се добијат
погрешни резултати од мерењето преку
рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Поставување на мерниот уред
Хоризонтална положба
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во
хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на
стативот (32) или на ѕидниот држач (36) со единицата за
израмнување.
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред
реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот
Македонски | 217
Вертикална положба
1 609 92A 7AR | (07.02.2022)