Télécharger Imprimer la page

Stihl EVC 300.0 Notice D'emploi page 185

Publicité

4 Безбедносни упатства
5 Приклучок за свеќичка
Приклучокот за свеќичката го поврзува
кабелот за палење со свеќичката.
6 Шипка за мерење на нивото на маслото
Шипката за мерење на нивото на маслото
ја мери количината на моторно масло.
3.2
Симболи
Симболите може да бидат на моторот и ги
имаат следниве значења:
Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
4
Безбедносни упатства
4.1
Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на моторот
или уредот STIHL го имаат следново
значење:
Следете ги безбедносните упатства
и мерки.
Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
Не допирајте ги жешките површини.
Не полнете гориво ако моторот
работи или е загреан.
Избегнувајте вдишување на издувни
гасови.
Ауспухот и заштитниот лим
се вжештуваат. Не допирајте!
4.2
Гориво и полнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Горивото што се користи за овој мотор е
бензин. Бензинот е исклучително запалив.
Ако бензинот стапи во контакт со отворен
пламен или врели предмети, може да
предизвика пожар или експлозија. Луѓето
може да бидат сериозно повредени или да
0478-983-9904-A
загинат и може да се предизвика
материјална штета.
Заштитете го бензинот од топлина и
пожар.
► Не истурајте бензин.
► Ако се истури бензин: Избришете го
бензинот со крпа и запалете го моторот
дури откако ќе се исушат сите делови на
уредот.
► Не пушете.
► Не полнете гориво во близина на
отворен оган.
► Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и почекајте да се олади.
► Ако резервоарот треба да се испразни:
Правете го тоа на отворено.
► Палете го моторот најмалку 3 m од
местото на полнење гориво.
► Никогаш не чувајте го моторот во
затворени простории со бензин во
резервоарот.
■ Вдишување на испарувачки гасови од
бензинот може да предизвика труење.
Не вдишувајте испарувачки гасови.
► Полнете гориво на добро проветрено
место.
■ Моторот загрева кога работи. Бензинот
тогаш се шири и може да се зголеми
притисокот во резервоарот за бензин. Ако
капачето на резервоарот е отворено,
бензинот може да испрска надвор.
Испрсканиот бензин може да се запали.
Корисникот може сериозно да се повреди.
Оставете го моторот прво да се
олади, па потоа отворајте го
капачето на резервоарот.
■ Облеката што доаѓа во контакт со бензинот
е лесно запалива. Луѓето може да бидат
сериозно повредени или да загинат и може
да се предизвика материјална штета.
► Ако облека дојде во контакт со бензин:
Соблечете ја.
■ Бензинот може да ја загади животната
средина.
► Не истурајте гориво.
► Фрлете го бензинот во согласност со
прописите и на еколошки начин.
■ Ако бензинот дојде во контакт со кожата
или очите, може да предизвика иритација.
► Избегнувајте контакт со бензин.
македонски
185

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Evc 300.1