• Да не се изменуваат функциите на
моторот ниту пак да се турира. Доколку
моторот работи со претеран број на
вртења ризикот од повреди се зголемува.
• Не користете течности за
стартување ниту нешто слично.
• Да не се навалува настрана до
точка која може да предизвика
излегување на горивото од капачето
на резервоарот на моторот.
• Моторот не смее да работи без свеќички.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ГАРАЖИРАЊЕ
И ТРАНСПОРТ
Регуларно изведено одржување и
соодветно гаражирање се мерки
за безбедност за машината.
Расипаните делови треба
да се менуваат а никако да не се
поправаат. Користете само оригинални
делови:користењето на неоригинални
делови или неточно монтирање
на истите доведува до зголемени
повреди и несреќи и го ослободува
производителот од било каква обврска.
Одржување
• Во случај да треба да се испразни
резервоарот, извршете го празнењето
на отворено и при студен мотор.
• Контролирајте редовно да не има
губење на масло и/или гориво за да
се намали ризикот од пожари.
Гаражирање
• Не оставајте гориво во резервоарот
доколку машината е гаражирана во
зграда каде испарувањата од горивото
може да допрат во контакт со оган,
искри или извори на топлина.
• Машината да се излади на
отворено пред гаражирањето.
Транспорт
• Транспортирањето треба да се
врши со празен резервоар.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да е
приоритетна и релевантна при користењето
на машината,во корист на меѓучовечкиот
соживот и средината во која живееме.
• Избегнувајте да го вознемирувате
соседството.
• Почитувајте ги локалните правила за
исфрлање на обвивки, масла, горива,
филтри, распаднати делови или било
каков елемент со висок еколошки
импакт; овие отпадоци не се фрлаат во
ѓубре, туку треба да бидат разделени
и да се достават до соодветни центри
за собирање на истите, кои ќе се
погрижат за рециклирање на истите.
• Кога машината ќе престане да работи
не ја оставајте било каде во животната
средина, туку обратете се во центар
за собирање на машини од овој вид.
2.6 ЕМИСИИ
Процесот на согорување генерира
токсични супстанци, како на пр. јаглерод
моноксид, азотни оксиди и јаглеводород.
Важно е да се контролираат овие
супстанци затоа што може да реагираат
со фотохемиски смог, како и со директна
изложеност на сончева светлина.
Јаглерод моноксид не реагира на ист начин
на изложеност на сончева светлина, но
сепак може да се смета како токсичен.
Нашите машини се опремени со
системи за намалување на емисијата
за супстанците наведени погоре.
3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА
3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Машината претставува рафален мотор.
Моторот е инструмент чија изведба,
регуларното функционирање и траење
зависат од многу фактори надворешни и
други, поврзани за квалитетот на користените
производи и регуларноста на одржувањето.
Во продолжетокот се изложени информации
за поголема долготрајност на машината.
Секоја различна употреба од горенаведената
може да биде опасна и/или да предизвика
штети на лица или предмети.
ВАЖНО Со несоодветна употреба
на машината се губи гаранцијата и се
ослободува производителот од било
какви трошоци за штети или повреди,
лични или спрема трети лица.
3.1.1 Тип на корисник
Машината е наменета за широка
потрошувачка, односно за
непрофесионални потрошувачи.
Наменета е за корисници во хоби.
3