Télécharger Imprimer la page

Bosch Climate 7000i Notice D'installation page 188

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 102
Податоци за производот
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички
правила и регулативи.
▶ Документирајте го сработеното.
HПрописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект, со
поврзување со надворешната единица и дополнителните
компоненти на системот, на пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од
објект, со поврзување со една или повеќе внатрешни единици и
дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Клима уредот е предвиден само за комерцијална/приватна употреба
каде што температурните отстапувања од одредените точки не водат
кон штети по живиот свет или материјалите. Клима уредот не е
предвиден за прецизно поставување и одржување на потребната
апсолутна влажност.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Непрописната
употреба и штетите што резултираат од неа се исклучени од
гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште,
балкон или други полуотворени простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација, наведени во
техничката документација.
HОпшти опасности предизвикани од разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство R32. Гасот од
разладното средство може да биде токсичен ако дојде во контакт
со оган.
▶ Ако истече разладно средство за време на монтажата, темелно
проветрете ја просторијата.
▶ По монтажата, проверете дали има некакво протекување на
системот.
▶ Не ставајте никакви други супстанци во разладното коло освен
наведеното разладно средство (R32).
HБезбедност на електричните уреди за домашна употреба и
слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во
однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна возраст, како и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или
пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека се под надзор или
добиваат упатства како безбедно да го користат уредот и ги
разбираат опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не
смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да
се изведуваат од страна на деца без да бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го замени
производителот или сервисна служба, или пак друго квалификувано
лице со цел да се избегнат опасностите што произлегуваат од
замената.»
HПредавање на корисникот
Подучете го корисникот при предавањето на клима уредот за
ракувањето и условите на работа на уредот.
▶ Објаснете како се ракува со уредот – притоа, особено посветете
внимание на тоа како се користи безбедно.
▶ Особено внимавајте на следниве точки:
– Модификациите или сервисирањето смее да го врши само
одобрен специјалист.
– За уредот да работи безбедно и еколошки, задолжително е
барем еднаш годишно да се проверува и да се чисти и
одржува по потреба.
188
▶ Можните последици (лични до смртоносни повреди, или
материјални штети) произлегуваат поради недостаток или
несоодветна проверка, чистење и одржување.
▶ Предајте ги упатствата за монтажа и ракување на корисникот за
да ги има на располагање во иднина.
1.3
Напомени за овој прирачник
Ќе пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник.
Текстот содржи упатувања кон илустрациите.
Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од
тој во илустрациите во овој прирачник.
2
Податоци за производот
2.1
Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европските и националните
законски побарувања во поглед на конструкцијата и работата.
Со CE-ознаката се упатува на тоа дека производот е
сообразен во однос на сите применливи регулативи на ЕУ
со кои се предвидува примената на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете
на интернет: www.bosch-homecomfort.rs.
2.2
Содржина на достава
Клуч за сл. 3:
Надворешна единица (наполнета со разладно средство)
[1]
Внатрешна единица (наполнета со азот)
[2]
Комплет печатени документи за документација на производот
[3]
Материјали за монтирање (5-8 завртки и типли)
[4]
Дренажно колено со заптивка (за надворешната единица со
[5]
држач за подна или ѕидна монтажа) (може да се монтира на
надворешната единица при испорака)
Монтажна плочка
[6]
Далечински управувач
[7]
5-жичан комуникациски кабел (незадолжителна опрема)
[8]
Батерии (2) за далечински управувач
[9]
[10] Држач и завртка за фиксирање за далечински управувач
[11] Магнетен прстен
[12] Филтер за ладен катализатор (црн) и биофилтер (зелен)
2.3
Димензии и минимални растојанија
2.3.1
Внатрешна и надворешна единица
Слики 4 до 6.
2.3.2
Линии за разладно средство
Клуч за сликата 7:
Цевка од гасна страна
[1]
Цевка од течна страна
[2]
Сифонско колено како сепаратор на масло
[3]
Ако надворешната единица е инсталирана повисоко од внатрешната
единица, на гасната страна мора да се инсталира сифонско колено.
Инсталацијата мора да се изврши на интервали од не повеќе од 6
метри и на секои 6 метри потоа ( Слика 7, [1]).
▶ Внимавајте на максималната должина на цевките и максималната
разлика во висината помеѓу внатрешната и надворешната
единица.
Climate 7000i – 6721873506 (2024/04)

Publicité

loading