Télécharger Imprimer la page

ST CP1 430 Li 48 Serie Manuel D'utilisation page 215

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 153
• Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика
електричен удар, прегревање или протекување на
корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика повреди и ризик од
пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен
електричен апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што може
да предизвикаат краток спој на контактите. Краток
спој на контактите на батеријата може да доведе до
експлозија и пламен.
• Не го користете полначот за акумулатор на места
каде што има запаливи пареи, супстанции или лесно
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина
и слично. За време на полнењето, акумулаторот се
загрева и може да предизвика пожар.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и
не користете метални кутии за транспорт.
2.6
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина мора да биде
приоритет при користењето на машината, во корист на
заедницата и животната средина во која живееме.
• Не го нарушувајте мирот во околината каде живеете.
Користете ја машината само во разумно време (не
многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги
вознемирите луѓето).
• Почитувајте ги локалните прописи за отстранување
на пакувањето, искористените делови или други
делови што имаат силно влијание врз животната
средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре,
туку треба да бидат разделени и да се достават до
соодветни центри за собирање на истите, кои ќе се
погрижат за рециклирање на материјалите.
• Придржувајте се до локалните одредби за
отстранување на отпадни материјали.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во согласност со
Европската директива 2012/19/EU за отпадна
електрична и електронска опрема и нејзина
имплементација во согласност со националните
стандарди, старата електрична опрема мора да
се собира посебно, за еко-компатибилно рециклирање.
Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште
или на земја, штетните состојки може да стапат во
контакт со елементите во почвата и да навлезат во
синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето
здравје и благосостојбата. За подетални информации
околу фрлањето на овој производ, контактирајте со
компетентни институции за фрлање домашен отпад или
со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на употреба,
извадете ја батеријата обрнувајќи
внимание на животната средина.
Батеријата содржи материјал што е опасен
за вас и за средината. Треба да се извади и
расклопи во засебен сад што може да содржи
литиумски јони.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и повторна
употреба. повторната употреба на
рециклираните материјали спречува штета на
животната средина и ја намалува потребата
за примарни материјали.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА
УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка со оператор што се
движи.
Машината во основа се состои од мотор којшто ги
придвижува сечилата затворен во куќиште, и исто така
е опремена со тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да
ги вклучува главните команди држејќи се секогаш зад
ракофатот и на безбедно растојание од ротирачкиот
уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од машината
предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по
неколку секунди.
3.1.1
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење
(и собирање) трева во градина и тревни површини,
со висина според нејзиниот капацитет за косење,
управувана од оператор кој оди зад неа.
Генерално, оваа машина може:
1.
Да коси трева и остатокот да го собере во вреќата
на корпата за трева.
2.
Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку
задниот отвор.
3.
Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку
страничниот отвор (доколку има).
Да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на земја
4.
(ефект на мулчирање - доколку има).
Употребата на одредена дополнителна опрема којашто
ја предвидел производителот како оригинална опрема
и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да
ја завршите оваа работа на различни работни начини,
претставени во ова упатство и во упатството што се
доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.2
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од
горенаведените, може да претставува опасност и да
предизвика повреди и штети за лица и/или предмети.
Примери за несоодветна употреба вклучуваат, но не се
ограничени на:
– Транспорт на други лица, деца или животни
со машината, кои може да паднат и да
се здобијат со тешки повреди или да го
попречат безбедното управување.
– Транспорт на машината.
– Употреба на машината за влечење
или буткање товар.
– Вклучување на уредот со сечивото
врз терени на кои нема трева.
– Употреба на машината за собирање
на лисја или остатоци.
– Употреба на машината за порамнување огради
или за косење вегетација што не е трева.
– Употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба на косилката ќе ја
поништи гаранцијата, и ќе го ослободи Производителот
од сите одговорности, а со тоа корисникот ќе стане
одговорен за сите штети и повреди кон себе и кон
другите лица.
3.1.3
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е.
оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба".
ВАЖНО Машината мора да се користи само од еден
оператор.
MK - 3

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Cp1 430 li d48 serieCp1 480 li 48 serieCp1 480 li d48 serieCp1 530 li d48 serie