Télécharger Imprimer la page

Electrolux EIS6648 Notice D'utilisation page 316

Masquer les pouces Voir aussi pour EIS6648:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 129
7.1 Садови за готвење
За индуктивни рингли, силно
електромагнетно поле ја
создава топлината во
садовите за готвење многу
брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• Дното на садовите за готвење мора да
биде колку што може подебело и
порамно.
• Осигурете се дека дното на тенџерето
е чисто и суво пред да го ставите на
површината на плочата за готвење.
• За да се избегнат гребнатини, не
лизгајте ја или не тријте го тенџерето
врз керамичкото стакло.
Материјал на садовите за готвење
• погоден: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не
`рѓосува, повеќеслојно дно (означено
како погодно од производителот).
• непогоден: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на
садот за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со дијаметар којшто
е помал од минималниот добива само
дел од енергијата којашто ја испушта
ринглата.
• Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати од
готвењето, не користете садови за
готвење поголеми од наведеното во
„Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите за
готвење во близина на контролната
плоча во текот на готвењето. Тоа може
да влијае на функционирањето на
316
МАКЕДОНСКИ
контролната плоча или ненамерно да
ги вклучи функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички
податоци".
7.2 Правилни тави за функцијата
Користете само тавчиња со рамно дно. За
да проверите дали тавчето е правилно:
1. Свртете го садот за готвење наопаку.
2. Ставете ленир на дното на садот.
3. Обидете се да ставите паричка од 1, 2
или 5 Евро центи (или друга паричка
со слична дебелина) помеѓу ленирот и
дното на садот.
a. Садот е несоодветен за користење
ако можете да ставите паричка
помеѓу ленирот и тавата.
b. Садот е соодветен за користење
ако не можете да ставите паричка
помеѓу ленирот и садот.
7.3 Звуци во текот на работата
Ако слушате:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).

Publicité

loading