6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
Во текот на работата, треба да ја вадите
тревата што ќе се наталожи на машината
за да избегнете прегревање на моторот
(сл. 1.A) заради насобраната треба под
заштитата на уредот со сечивото (сл. 1.E).
Постапете како што следи:
– застанете ја машината (пасус 6.6);
– откачете го капачето на
свеќичката (погл. 8.3);
– носете ракавици за работа;
– отстранете ја тревата со шрафцигер за да
овозможите моторот правилно да се лади.
ЗАБЕЛЕШКА Во текот на првите 6-8
часа од работа на машината, користете
го моторот на максимум вртежи.
6.6 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја исклучите машината:
• пуштете ја рачката за команда на
забрзувачот (сл. 12.B) и оставете го моторот
да работи со минимум вртежи уште малку;
• ставете го прекинувачот
(сл. 12.А) во позиција «O»;
• застанете го уредот за сечивото.
Штом ќе го ставите забрзувањето на
минимум, потребни се неколку секунди
пред да застане уредот за сечење.
ВАЖНО Секогаш запирајте ја машината
ког ја поместувате помеѓу зони на работа.
Моторот може да е многу врел
веднаш по гаснење. Не допирајте го.
Постои опасност од изгореници.
6.7 ПО РАБОТАТА
• Со застанат уред со сечивото,
ставете ја заштитата на сечивото.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Исчистете ја машината (пасус 7.4).
• Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки.
ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.6)
и ставете ја заштитата за сечивото секојпат
кога ја оставате машината без надзор.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред да интервенирате на
кој било начин на машината:
• застанете ја машината;
• откачете го капачето на
свеќичката (погл. 8.3);
• со застанат уредот со сечивото, ставете
ја заштитата за сечивото дури и при
интервенција на самото сечиво;
• оставете моторот да се излади
пред да се остави машината
во која било просторија;
• носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
• прочитајте ги соодветните упатства;
• Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во „Табелата за одржување"
(видете поглавје 13). Табелата го прикажува
опсегот што ќе ви помогне при одржување
на ефикасноста и безбедноста на
машината. Во неа се прикажани главните
интервенции и предвидените интервали
за секоја од ставките. Извршете ја
соодветната постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста на
машината. Производителот ја отфрла
сета одговорност во случај на штети или
повреди предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 ГОРИВО И ПОДМАЧКУВАЧИ
Оваа машина има четиритактен
мотор и НЕМА потреба од какви било
дополненија од масло во бензинот.
ВАЖНО Со додавање масло во
бензинот се оштетува моторот и се
изнудува губење на гаранцијата.
MK - 14