Télécharger Imprimer la page

ST BC 25 H Manuel D'utilisation page 310

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 221
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси.
Насловот на пасус „2.1 Обука" е заменето
со „2. Безбедносни мерки". Насоките за
насловите или пасусите се означени со
кратенки погл. или пас. и со соодветниот
број. Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1".
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
Запознајте се со командите и
правилното користење на машината.
Научете брзо да ја запирате машината
Непридржувањето кон предупредувањата
и кон упатството може да предизвикаат
изгореници и/или сериозни повреди.
• Националното законодавство може да
ја ограничи употребата на машината.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја
употребуваат машината, или други лица што
не се запознаени со основните упатствата.
Локалните законски прописи ја одредуваат
минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината
доколку корисникот е во состојба на
замор или изнемоштеност, или користел
лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот
за навремено реагирање или внимание,
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен
за незгодите или опасноста по други
лица или нивниот имот. Во опсегот на
одговорности на операторот спаѓа и
проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете
ги сите неопходни безбедносни мерки за
да ја гарантирате својата, но и безбедноста
на другите особено на закосени, нерамни,
лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на
машината има други лица, проверете
дали корисникот ги почитува упатствата
што се содржани во ова упатство.
2.2 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна заштитна облека
посочена како облека за заштита при
косење, ракавици против вибрации,
шлем, заштитни очила, заштита од
прав, акустична заштита и чевли со
заштита од сечење и лизгање.
• Не носете марами, наметки, ремени,
бразлетни, облека со лелеави делови
или со врвки и врски и слични додатоци
што висат или се долги и би можеле да се
закачат за машината или за предмети и
материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја
косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина
за работа и отстранете сè што би
можело да биде исфрлено од машината
и да ги оштети уредот за сечење/
ротирачките делови (камења, гранки,
железни остатоци, коски, итн.).
Мотор со согорување: гориво
ОПАСНОСТ! Горивото е лесно запалливо.
– Чувајте ги бензинот и мешавината во
соодветни контејнери за таа намена,
на безбедно место, подалеку од
извор на топлина или отворен оган.
– Не оставајте го контејнерот
на дофат на деца.
– Не оставајте на контејнерите
остатоци од трева или лисја
– Не пушете додека полните или
дополнувате гориво и секојпат
кога работите со горивото.
– Дополнувајте гориво со
инка и на отворено.
– Избегнувајте да ги вдишувате
испарувањата од горивото.
– Никогаш не отворајте го капачето
на резервоарот или не дополнувајте
гориво додека моторот работи
или е уште загреан.
– Полека отворете го капачето на
резервоарот оставајќи внатрешниот
притисок постепено да испари.
– Не приближувајте извори на
отворен оган до резервоарот за
да ја проверите содржината.
– Ако се истури del carburante, немојте да
го палите моторот, туку прво отстранете
ја машината од местото на истурање
и избегнувајте палење на оган додека
не не испари целото истурено гориво.
– Секогаш докрај затворајте го капачето на
резервоарот и на садовите со со гориво.
– Веднаш исчистете го секој остаток
од истуреното гориво од машината
или од местото на истурање.
– Не палете ја повторно машината
на место каде се долевало гориво;
bклучувањето на моторот треба
да се одвива на најмалку 3 метри
MK - 2

Publicité

loading