Télécharger Imprimer la page

ST BC 25 H Manuel D'utilisation page 316

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 221
Изберете го уредот за сечење којшто најмногу
одговара на работата што треба да се изврши
според следните индикации:
• макарата со конец може да елиминира
висока трева и бездрвна вегетација
во близина на ѕидови, огради, темели,
патеки, околу дрвја, итн. или за комплетно
чистење на дадена област во градината,
• ножевите со 3 запци, 4 запци и
8 запци се наменети за сечење
ниски грмушки и мали жбунови со
дијаметар најмногу до 2 см;
• сечиво за пила (ако има) овозможува
сечење на дрвени парчиња и соборување
на дрвја со мали димензии.
ВАЖНО Секогаш кога треба да го
извадите уредот со сечивото, извадете
ги сите елементи на уредот.
4.4 ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА
НА УРЕДОТ ЗА СЕЧИВОТО
Носете заштитни ракавици.
4.4.1 Поставување на заштитата за
уредот со сечивото (макара
со конец, сечиво со 3 запци,
4 запци и 8 запци)
ВАЖНО Секојпат кога ја користите оваа
заштита, проверете дали плочката со цевката
за преносот (сл. 5.В, сл. 5.E) е поставена.
1. Отшрафете ги шрафовите (сл. 5.A).
2. Поставете ја заштитата (сл. 5.C) во
однос на отворите на плочката (сл.
5.B) на цевката за пренос (сл. 5.D).
3. Фиксирајте ја заштитата (сл.
5.C) зашрафувајќи ги докрај
шрафовите (сл. 5.A).
ЗАБЕЛЕШКА На заштитата на уредот со
сечивото (сл. 1.E) го има следниот симбол:
Го посочува правецот на
ротација на уредот за сечење.
4.4.2 Поставување на заштитата
за уредот со сечивото
(сечиво за пила, ако има)
Оваа заштита не смее да се
користи со другите уреди за сечење.
1. Извадете ги заштитите за
други уреди со сечива ако сте
ги користеле пред тоа.
2. Поставете ја заштитата (сл.
6.B) во однос на отворите на
продолжувачот (сл. 6.A).
3. Фиксирајте ја заштитата (сл.
6.B) зашрафувајќи ги докрај
шрафовите (сл. 6.C).
4.5 ПОСТАВУВАЊЕ/ВАДЕЊЕ НА
УРЕДОТ ЗА СЕЧИВОТО
Носете заштитни ракавици.
4.5.1 Поставување на калемот
со конецот
1.a
Тип I: Со разделникот (сл. 7.A.1)
правилно поставен на оската,
поставете го внатрешниот прстен
(сл. 7.A) и надворешниот прстен
(сл. 7.D) на посочениот начин
обезбедувајќи назабувањата да
се поклопат совршено со оние на
аголниот продолжувач (сл. 7.B).
1.b
Тип II: Со разделникот (сл. 8.A.1)
правилно поставен на оската,
поставете го внатрешниот прстен
(сл. 8.A) на посочениот начин
обезбедувајќи назабувањата да
се поклопат совршено со оние на
аголниот продолжувач (сл. 8.B).
2. Ставете го доставениот клуч (сл.
7.C, сл. 8.C) во соодветниот отвор на
внатрешниот прстен (сл. 7.A, сл. 8.A) и
свртете го со рака тој прстен притискајќи
го клучот (сл. 7.C, сл. 8.C) да влезе во
отворот на аголниот продолжувач (сл.
7.В, сл. 8.B), за да се блокира ротацијата.
3. Поставете ја макарата со конецот
(сл. 7.Н, сл. 8.Н) вртејќи ја обратно
од стрелките на часовникот.
4. Извадете го клучот (сл. 7.C, сл. 8.C)
за да ја воспоставите ротацијата.
Прилагодување на заштитата
на уредот за сечивото
MK - 8

Publicité

loading