Télécharger Imprimer la page

ST BC 25 H Manuel D'utilisation page 312

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 221
Во случај на дефект или инциденти
во текот на работата, веднаш исклучете
го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања. Во случај на инцидент со
лична повреда или повреда на трето
лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош
за дадената состојба и обратете се во
соодветен центар за здравствена заштита
за неопходно лекување. Отстранете
ги темелно сите остатоци од косењето
што може да предизвикаат дефект
или повреди на лица или животни ако
останат незабележано во машината.
Дадените нивоа за бучава и
вибрации во ова упатство се максимални
вредности при употреба на машината.
Употребата на елемент за косење којшто
не е стабилен, движењето со преголема
брзина, неодржувањето на машината,
значително влијаат врз емисијата на
бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за
да елиминирате можни оштетувања
заради зголемена бучава или значителни
вибрации. Редовно одржувајте ја
машината, носете слушалки против
бучава и правете паузи во работата.
Продолжена изложеност на
вибрации може да предизвика повреди и
невроваскуларни нарушувања (познати
и како „Рејнодов синдром" или „бела
рака") особено кај оние што се изложени
на циркуларни влијанија. Симптомите
може да се покажат на рацете, на
рачните зглобови или на прстите и се
манифестираат со губење на осет,
вкочанетост, чешање, болка, обезбојување
и структурални промени на кожата.
Овие ефекти може да се зголемат со
ниски надворешни температури и / или
од прекумерен притисок врз рачките.
При појава на овие симптоми, треба да
го намалите времето на користење на
машината и да се советувате со лекар.
Ограничување при употреба
• Машината не треба да ја користат лица
што не се во состојба да ја држат цврсто со
обете раце и/или да одржуваат стабилна
рамнотежа на нозете во текот на работата.
• Никогаш не користете ја машината со
оштетена заштита, ако недостасува
или ако не правилно поставена.
• Не менувајте ги регулациите на моторот
и не доведувајте го моторот во голем
режим на работа. Ако моторот почне да
работи со прекумерен број на вртежи,
ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не изложувајте ја машината на
непотребни сили и не користете
мала машина за изведување тешки
работи; адекватно користење на
машината го намалува ризикот и го
подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ
И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Никогаш не користете ја машината
со користени или оштетени делови.
Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се
поправаат. Користете само оригинални
резервни делови: употребата на
делови коишто не се оригинални и/или
несоодветно поставени може да доведат
до инциденти или лични повреди, а
со тоа се ослободува производителот
од секоја обврска или одговорност.
Одржување
• За да го намалите ризикот од пожар,
редовно проверувајте дали има
пролеано масло и/или гориво.
• Во текот на операциите за регулирање
на машината, обрнете внимание и
избегнувајте прстите да ви се наоѓаат
заглавени во уредот со сечивото и
фиксните делови на машината.
Одлагање
• Никогаш не чувајте ја машината со
гориво во резервоарот во просторија
каде испарувањата од горивото
може да допрат до отворен пламен,
искра или до извор на топлина.
• За намалување на ризикот од оган,
не оставајте полни контејнери
во затворен простор.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
MK - 4

Publicité

loading