Акумулатор; Чистење На Машината - Stiga HT 40 Li Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 160
прикажани главните интервенции и
предвидените интервали за секоја од
ставките. Извршете ја соодветната
постапка пред првата појава.
– Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот
ја отфрла сета одговорност во
случај на штети или повреди
предизвикани од такви производи.
– Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 АКУМУЛАТОР
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (што значи
обработена површина со вегетација пред
повторно полнење) вообичаено е условена со:
a. факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на грмушки
со многу лисја или мокри,
– сечење/регулација на жбунови
чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– употреба на несоодветна техника
за сечење во однос на работата што
треба да се заврши (пасус 6.4.1);
– брзина на движење при сечењето
којашто не е адаптирана на условите
со грмушката што треба да се сече.
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
• применете брзина на движење
што е соодветна за сечењето
и условите со жбунот,
• користете ја најсоодветната
техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
• да набавите батерија со поголема
автономија во однос на стандардната
батерија (пасус 15.1).
7.2.2 Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете го копчето на батеријата
(сл. 6.A) и извадете (сл. 6.B);
2. ставете ја батеријата (сл. 7.А) на
своето место за полнење (сл. 7.B);
3. поврзете го полначот на батерии
(сл. 7.В) во извор на ел. енергија
со соодветен напон како оној
што е посочен на етикетата.
4. Секогаш полнете го до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се
доставува со заштита што го прекинува
полнењето ако температурата во
средина не е меѓу 0 и +45°C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може
да се полни во секој момент, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. извадете ја батеријата (сл. 8.А) од
нејзиното место во полначот за
батеријата (избегнете да ја држите
за местото под полначот);
2. откачете го полначот на
батерии (сл. 8.B) од струја,
3. ставете ја батеријата (сл. 9.A) на
своето место притискајќи ја докрај
сè додека не слушнете звук на
кликнување што ја блокира на место
и обезбедува електричен контакт.
7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
За намалување на ризикот од
запалување, одржувајте ги машината,
а особено моторот од остатоци од
лисја, гранки и прекумерно масло.
MK - 9

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières