ОТСТРАНУВАЊЕИПОВТОРНОПОСТАВУВАЊЕНАНАВЛАКАТА
НАСЕДИШТЕ
Навлаката на седиштето за автомобил се состои од три дела (наслон
за глава, наслон за грб и перниче). Тие се прицврстени во соодветна
позиција на неколку места со дрикер-копчиња и еластични ленти. Штом
ќе ги откопчате додатоци, ќе може да ги отстраните поединечните делови
на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги
упатствата за отстранување по обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење
на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга
облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна
сончева светлина!
ГАРАНЦИЈАНАПРОИЗВОДИТЕЛОТИРЕГУЛАТИВИЗА
ОТСТРАНУВАЊЕВООТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која
производот му е продаден на клиентот во малопродажба. Содржината
на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на
гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата
е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите
законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.
MK
98