Cybex Platinum SOLUTION Z i-FIX Mode D'emploi page 95

Masquer les pouces Voir aussi pour SOLUTION Z i-FIX:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали,
користењето детски седишта може да остави дамки и/или да предизвика
бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или
сличен предмет под детското седиште за да го заштитите седиштето на
возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а) Оддел за чување на упатството
за корисник
(b) Наслон за грб
(c) Приспособлив наслон за глава
(d) Регулатор на висина на наслон
за глава
(e) Перниче
(f) Водилка на скутен каиш
ПОЧЕТНО СКЛОПУВАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (b) со перничето (e) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Наслонот за грб (b) потoа се
преклопува нанапред.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Седиштето за автомобил може да се употребува со вовлечени рачки за
заклучување ISOFIX (i) на седишта на возило опремени со автоматски
каиш со три точки за фиксирање. За користењето на ISOFIX осврнете се
на приложениот список со одобрени типови возила. Може да ја добиете
најновата верзија на www.cybex-online.com.
Кога детето ќе биде повисоко од 135 см, компатибилноста меѓу Solution Z
i-Fix и возилото може да се намали. Разгледајте го списокот со типови возила
за да проверите дали детското седиште може да се употребува во сите
позиции на наслонот на глава без ограничувања.
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
(g) Водилка на каишот за рамо
(h) Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P.)
(i) Рачки за заклучување ISOFIX
(j) Рачка за приспособување ISOFIX
(k) Копче за ослободување ISOFIX
(l) Сигурносен показател ISOFIX
(m) Точки за закотвување ISOFIX
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
• наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
• кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште, тоа
е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебовите за
водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) под перничето (e) и
повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX (i).
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) 180 степени, така што
ќе бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (m).
4. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
5. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) во точките за закотвување
ISOFIX (m) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и додека не
слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) и туркајте го
седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (b) на детското
седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на возилото.
��
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека, повлечете го
целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во возило завртени
наназад).
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи се да
го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (m). Зелените сигурносни
показатели (l) мора да бидат јасно видливи на двете страни на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX, може да се остави на долниот
дел на седиштето.
��
Кога користите ISOFIX, се создава врска со возилото што ја зголемува
безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со каишот со три
точки за фиксирање на возилото.
��
Ако линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) го попречува
затворањето на вратата или влијае врз просторот на патничкото седиште,
може да ја отстраните со туркање нагоре за да ја ослободите од нејзините
точки на закотвување. За да ја вратите L.S.P. на седиштето, прицврстете
ја на означената област што се наоѓа странично на седиштето, лизгајте ја
благо надолу и истовремено туркајте ја за да се прицврсти во лежиштето.
MK
93

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Solution z-fix

Table des Matières