SKIL MASTERS 7520 Notice Originale page 149

Ponceuse de cloisons sèches
Masquer les pouces Voir aussi pour 7520:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
постапете како лице кое е во позиција на
неупотребуван прибор и пуштете го една минута
да работи на најголем број вртежи. Оштетениот
веќе употребуван прибор воглавно во ова време на
проба се крши.
h) Носете лична заштитна опрема ⑤. Користете
во зависност од намената заштита за цело
лице, штитници за очи или заштитни очила.
Ако соодветствува носете маска за прашина,
штитник за уши, заштитни чевли или специјална
престилка, која малите честички од стругањето
ќе ги држи подалеку од Вас. Очите мора да бидат
заштитени од страни тела кои летаат наоколу,
кои настануваат кај разни употреби. Маската
за прашина и маската за дишење мора да ја
филтрираат правта која настанува при употребата.
Доколку сте долго изложени на врева, можете да го
изгубите слухот.
i)
Внимавајте други лица да се на безбедно
растојание од Вашето работно подрачје. Секој,
кој влегува во работното пордачје, мора да
носи лична заштитна опрема. Скршени делови
на работното парче или скршен употребен прибор
можат да одлетаат и да предизвикаат повреди и
надвор од директното работно подрачје.
j)
Држете го алатот за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при
која што дополнителната опрема за сечење
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со кабелот. Ако дополнителната опрема за
сечење дојде во контакт со жица под напон може
да ги електрифицира изложените метални делови
на алатот и да предизвика електричен удар на
операторот.
k) Мрежниот кабел држете го подалеку од
ротирачкиот употребен прибор. Ако изгубите
контрола над електричниот прибор, може да се
пресече мрежниот кабел и може да ја зафати
вашата рака или вашата дланка може да дојде во
електричниот прибор кој се врти.
l)
Електричниот прибор не го оставајте додека
употребениот прибор сосема не се смири.
Електричниот прибор кој се врти може да дојде во
контакт со површината за одложување, со што би
можела да се изгуби контролата над електричниот
прибор.
m) Не го оставајте електричниот прибор да работи,
додека го носите. Вашето одело може да биде
зафатено од случаен контакт со електричниот
прибор кој се врти и користениот прибор може да се
забоде во вашето тело.
n) Редовно чистете ги засечоците за вентилација
на Вашиот електричен прибор. Моторната
дувалка ја влече правта во куќиштето и со поголемо
таложење на металната прашина може да се
предизвика електрична опасност.
o) Не користете го електричниот прибор во
близина на запаливи материјали. Искрењето
може да ги запали овие материи.
p) Не ги користете употребуваните прибори кои
бараат течни разладни средства. Користењето
на вода или други течни разладни средства може да
доведе до струен удар.
2) ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратниот удар е ненадејна реакција по
запнувањето или блокирањето на ротирачкиот
употребен прибор, како што се точилната плоча,
дискот, челичната четка и т.н. Закачувањето или
блокирањето водат до запирање со отскокнување
на ротирачкиот електричен прибор. На тај начин
неконтролираниот електричен прибор се забрзува
во правец на насоката на вртење на електричниот
прибор на местото на блокада.
• Ако на пример некоја плоча за стругање закачува
или блокира во работното парче, може работ на
плочата за стругање која заронува во работното
парче да се извитка и како последица од тоа
плочата за стругање да предизвика кршење или
повратен удар. Во зависност од насоката на вртење
на плочата на местото на блокадата, плочата за
стругање може да се придвижи кон лицето кое
работи или во спротивна насока од него.
• Повратниот удар е последица на погрешно или
недоследно користење на електричниот прибор.
Тој може да се спречи со погодни мери на
претпазливост како што е понатаму објаснето.
a) Држете го цврсто електричниот прибор и
доведете го Вашето тело и Вашите раце во
позиција, во која можете да ги прифатите
силите на повратниот удар. Секогаш користете
ја додатната рачка, ако постои, како би имале
што е можно поголема контрола над силите на
повратниот удар или над моментот на реакција
при високи вртежи. Работникот со соодветни
мерки на претпазливост може да ги совлада силите
и реакцијата на повратниот удар.
b) Вашите раце никогаш не ги ставајте во близина
до приборот што се употребува во ротација.
Употребуваниот прибор при повратниот удар може
да се движи преку Вашата рака.
c) Со Вашето тело избегнувајте го подрачјето
во кое при повратниот удар би се движел
електричниот прибор. Повратниот удар го тера
електричниот прибор во насока спротивна од
движењето на плочата за стругање на блокираната
страна.
d) Работете особено внимателно во делот на
рабовите, острите рабови и тн. Спречете го
приборот што се употребува да не се одбие
од работното парче и за да не се "залепи".
Ротирачкиот прибор што се употребува, накривнува
кон аглите, острите рабови или доколку се одбие,
тогаш "залепува". Ова предизвикува губење на
контрола или повратен удар.
e) Не користете назабен или лист со ланец за
пила. Такви употребени прибори предизвикуваат
често повратен удар или губиток на контрола над
електричниот прибор.
3) ПОСЕБНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СТРУГАЊЕ СО
ШМИРЛ ХАРТИЈА
a) Не користете никакви предимензионирани
листови за стругање, особено придржувајте се
до податоците на производителот во поглед на
големината на листот за стругање. Листовите за
стругање, кои се поголеми од дискот за стругање
можат да предизвикаат повреди како и блокирање,
149

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

F0157520 serie

Table des Matières