Транспорт
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности при чистењето!
При сите работи за чистење важи:
■
Исклучете го моторот и извлечете
го контактниот клуч.
■
Отстранете го конекторот на
свеќичката.
■
Отстранетите заштитни уреди
поради чистењето мора повторно
да се монтираат по чистењето.
■
ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ:
Чистете ја тракторската косилка
дури откако ќе се излади.
Моторот, менувачот и
придушувачот на звукот се многу
топли!
■
ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ: При
работење на алатките за сечење
внимавајте на острите ножеви. Кај
алатки за косење со повеќе од
едно сечило, движењето на едно
сечило може да предизвика
движење и на другото!
8.1
Чистење на куќиштето, моторот и
менувачот
Не користете вода или уред за чистење под
висок притисок за прскање на моторот или на
лагерските точки (тркала, менувач, лагер на
нож).
Навлезената вода во системот за палење,
карбураторот и филтерот за воздух може да
предизвика дефекти. Водата во лагерските
точки може да доведе до губење на
подмачкувањето а тоа може да предизвика
непоправлива штета на лагерите.
За отстранување на нечистотија и остатоци од
трева користете крпа, рачна метла, долга
четка или слично.
ВНИМАНИЕ!
Оштетување на електричната
постројка поради навлезена вода!
При чистењето на тракторот со вода
внимавајте да не навлезе вода во
електричната постројка!
9 ТРАНСПОРТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пригмечување ако се
преврти уредот!
Лицата може сериозно да се повредат
од сопствената тежина на уредот.
■
Бидете особено внимателни при
товарање и растоварање на
уредот кога го транспортирате на
возило или на приколка!
При транспорт на тракторската косилка со
транспортна опрема (на пр. приколка за
автомобил), алатката за косење мора да се
поддржи одоздола со цел да се намали
оптоварувањето на закачувањето на алатката
за косење.
За време на транспорт, проверете дали
транспортните средства имаат доволен
капацитет за товар и дали соодветно е
прицврстена тракторската косилка.
10 ОДРЖУВАЊЕ
Опасности при одржувањето!
При сите работи за одржување важи:
■
Исклучете го моторот и извлечете го
контактниот клуч.
■
Отстранете го конекторот на свеќичката.
■
Отстранетите заштитни уреди поради
одржувањето мора повторно да се
монтираат по одржувањето.
■
ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ: Работете
на тракторската косилка дури откако ќе се
излади. Моторот, менувачот и
придушувачот на звукот се многу топли!
■
ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ: При работење
на алатките за сечење внимавајте на
острите ножеви. Кај алатки за косење со
повеќе од едно сечило, движењето на
едно сечило може да предизвика движење
и на друго сечило.
■
При промената на делови смеат да се
користат само оригинални резервни
делови.
■
Побарајте во случај на сомневање
секогаш специјализирана работилница
или контактирајте го производителот.
10.1 План за одржување
Следниве работи смее да ги извршува самиот
оператор. Сите преостанати работи за
463