Пуштање во употреба
6 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од нецелосно
монтирање!
Тракторската косилка не смее да се
користи пред да биде целосно
монтирана!
Направете ги сите монтажни работи
коишто се опишани во упатството за
монтажа. Во случај на сомневање
пред пуштањето во употреба
прашајте стручно лице дали
монтажата е правилно направена!
Проверете дали се присутни сите
безбедносни и заштитни уреди и дали
се функционални!
6.1
Проверка на алатката за косење
Пред употреба треба секогаш да се провери
со визуелна контрола дали алатката за
косење, завртките за прицврстување и целата
единица за косење се истрошени или
оштетени. За избегнување на
неизбалансираност истрошените или
оштетените ножеви мора да се заменат со
нови.
6.2
Полнење со масло
Пред првото пуштање во работа моторот
мора да се наполни со масло. Затоа земете го
во предвид упатството на производителот на
моторот. Имајте во предвид дека нивото на
масло треба да се контролира во редовни
растојанија и да се надополни масло ако е
потребно.
6.3
Полнење со гориво
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности при ракувањето со
гориво!
Горивото е лесно запаливо. Полнете
го резервоарот за гориво само на
отворено! Не пушете! Не полнете
гориво при движечки или топол
мотор!
За полнење користете соодветна инка или
црево за полнење за да не се истури гориво
на моторот, куќиштето или на земјата.
Од безбедносни причини капачето на
резервоарот за гориво и другите капачиња на
резервоар треба да се заменат при
оштетување.
Доколку има претечено гориво не смее да се
стартува моторот. Тракторот треба да се
отстрани од местото загадено со гориво а
истуреното гориво мора да се вшмука и
избрише со крпа од подот, моторот и
куќиштето.
Треба да се избегне секаков обид за
стартување сè додека не испарат пареите од
горивото.
Горивото чувајте го само во предвидените
садови.
Користете безоловен бензин, мин. ROZ 91.
Полнење на резервоарот (06)
1. Исклучете ја ако треба тракторската
косилка и извлечете го контактниот клуч
заради сигурност.
2. Почекајте додека не се излади малку
моторот (Опасност од експлозија поради
запалено гориво!).
3. Отворете го капакот на моторот.
4. Отворете го капачето на резервоарот
(06/1) и наполнете го горивото.
Напомена: Избегнувајте преполнување
на резервоарот за гориво!
5. Затворете го капачето за резервоарот
(06/1).
6. Затворете го капакот на моторот.
6.4
Проверка на притисокот на гумите
■
Контролирајте го притисокот на гумите во
редовни растојанија.
■
Исчитајте го потребниот воздушен
притисок на гумите (препорака 1 bar).
НАПОМЕНА
1 PSI = 0,07 bar.
Притисокот на гумите може да се контролира
со вообичаена ножна пумпа за воздух и да се
надополни воздух.
6.5
Проверка на безбедносните уреди
Безбедносните уреди мора да се проверат
пред секое стартување на тракторската
косилка.
457