Работење со тракторот
7.2
Користење на додатна опрема
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од погрешна додатна
опрема или погрешно користење на
додатна опрема!
Користете секогаш само оригинална
опрема на производителот на
тракторот!
Почитувајте ги прописите за
користење во приложеното упатство
за работа!
Преку употребата на недозволена додатна
опрема или погрешната употреба може да
настанат големи опасности за операторот и
трети лица. Тракторската косилка може да се
преоптовари. Тоа може да доведе до тешки
несреќи.
7.3
Туркање на тракторската косилка
ВНИМАНИЕ!
Опасност при туркањето по косини!
Туркајте ја тракторската косилка само
на хоризонтални површини! На косини
тракторската косилка би можела
неконтролирано да се стркала
надолу.
Кај ножен хидростатичен менувач
Премосната рачка (07/1) се наоѓа на задниот
ѕид (07/2).
Деблокирање на премосницата:
1. Вметнете ја премосната рачка (08/1) и
закачете ја на надолу.
2. Ослободете ја кочницата.
ð Тракторската косилка може сега да се
турка.
7.4
Стартување и исклучување на
моторот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда поради удар
на гром
Уредот нема заштита од удар на
гром.
■
Не косете при невреме.
Стартување на моторот
1. Седнете на седиштето на возачот.
2. Притиснете ја целосно педалата за
кочење (03/1) на левата страна и
заклучете ја со лостот за заклучување
(03/2).
3. Проверете да НЕ е вклучена алатката за
косење. За да го направите тоа, проверете
ја позицијата на преклопната склопка
(03/3).
4. Поместете го регулаторот (01/2) за бројот
на вртежи на моторот до горниот
граничник. Во зависност од варијантата на
опремата таму се наоѓа знакот за дизна.
Во спротивно, повлечете го посебното
копче за дизната (01/1).
5. Ставете го контактниот клуч во бравата за
палење (05).
6. Завртете го контактниот клуч во позиција
„III" и задржете го така сè додека не
стартува моторот.
Напомена: За заштита на
акумулаторот обидот за стартување
не би требало да трае подолго од околу
5 секунди.
7. Потоа отпуштете го контактниот клуч, тој
автоматски скокнува во позиција „II".
8. Поместете го регулаторот (01/2) за бројот
на вртежи на моторот во работна
позиција. Кај варијанта на опремата со
копче за дизна повторно притиснете го
истото навнатре (01/1).
Исклучување на моторот
1. Исклучете ја алатката за косење (03/3).
2. Ставете го регулаторот (01/2) за бројот на
вртежи на моторот во позиција за работа
на празно.
3. Притиснете ја педалата за кочење (03/1) и
заклучете ја со лостот за заклучување
(03/2).
4. Завртете го контактниот клуч (05) во
позиција „0".
5. Извлечете го контактниот клуч.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од топлиот мотор!
Кога го запирате моторот внимавајте
на тоа топлите делови на моторот (на
пр. придушувачот на звукот) да не
можат да ги запалат предметите или
материјалите лоцирани во близина!
459