9.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина
без директна сончева светлина,
на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја
користите подолг период, полнете ја
батеријата секои два месеца за да ѝ
се продолжи рокот на употреба.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење,
подигнување, транспорт или
закосување на машината:
• Застанете ја машината;
• Почекајте да застане синџирот;
• Извадете ја батеријата од лежиштето
и проверете го полнењето;
• Ставете ја заштитата за лостот.
• Проверете дали моторот е
соодветно изладен;
• Носете заштитни ракавици,
• Фатете ја машината само за држачите
и да се насочи лостот во правец
спротивен од правецот на движење.
Кога ја носите машината со возило:
• обезбедете ја соодветно машината
со помош на јажиња или синџири,
• поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого,
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите
неопходни индикации за управување со
машината и за правилно одржување што ги
извршува корисникот. Сите интервенции
за регулација и одржување што не се
опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и
ги имаат неопходните инструменти со
коишто работата ќе се заврши правилно,
земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани
лица придонесуваат да се изгуби секоја
форма на гаранција и секој облик
на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
• Овластените сервисни центри користат
само оригинални резервни делови.
Оригиналните резервни делови и
дополнителна опрема се специјално
дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната
опрема што не одобрени, употребата
на резервни делови и дополнителна
опрема што не се оригинални ја
поништуваат гаранцијата.
• Препорачуваме да ја однесете
машината еднаш годишно во овластен
сервис за одржување, помош и
контрола на безбедносните уреди.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на
материјалите и производството. Корисникот
треба внимателно да ги следи сите упатства
кои се дадени до приложената документација.
Гаранцијата не ги покрива штетите
настанати затоа што:
• Не сте се запознале со
приложената документација.
• Не сте внимателни.
• Употребата и монтирањето не се
правилни или конзистентни.
• Се користат резервни делови
коишто не се оригинални.
• Се користи дополнителна
опрема која не е одобрена ниту
доставена од производителот.
Гаранцијата не покрива и:
• нормално абење на потрошните
материјали како што се уредот со
сечивото, безбедносните светла.
• Нормално абење.
Купувачот е заштитен со соодветните
државни закони. Правата на купувачот
кои се предвидени во дадените
државни закони на ниеден начин не
ја лимитираат оваа гаранција.
MK - 16