Télécharger Imprimer la page

Stiga CS 24 Li Manuel D'utilisation page 302

Masquer les pouces Voir aussi pour CS 24 Li:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 210
3.2 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за предострожност.
Значење на симболите:
Внимание! Прочитајте
го упатството пред да ја
користите машината.
Внимание! Оваа машина
може да биде опасна за вас
или за другите доколку не
се користи правилно.
Опасност! Внимавајте да не ги
удирате краевите на синџирот
во страни предмети/пречки.
Ако лостот удри во пречка, може
да предизвика контраудар.
Опасност! Ставајте
заштита за уши.
Опасност! Ставајте
заштитни очила.
Опасност! Не изложувајте
ја на дожд или влага.
Опасност од контраудар!
Контраударот предизвикува
ненадејно движење без
контрола врз моторната пила кон
операторот. Секогаш работете
безбедно. Користете синџир
со безбедносни запци што го
попречуваат контраударот.
Внимание! Не држете ја
никогаш машината само со
една рака! Држете ја цврсто
машината со двете раце за да
имате контрола врз неа и да го
намалите ризикот од контраудар.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале
или не се читливи, треба да се заменат.
Побарајте нови етикети од соодветен
центар или од овластениот сервисер.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги
содржи следните податоци (сл. 1):
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност со CE
3. Година на производство
4. Тип на машината
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Код на производ
8. Должина на лостот за наведување
Запишете ги податоците за
идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета
од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат
кога контактирате со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за
усогласеност се наоѓа на последната
страница во упатството.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови, коишто се наменети
за следни функции (сл. 1):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Предна рачка: рачка за потпора
поставена во предниот дел на моторната
пила. Се држи со левата рака.
C. Задна рачка: рачка за потпора поставена
во задниот дел на моторната пила. Се
држи со десната рака. Тука се наоѓаат
главните команди за забрзување.
D. Предна заштита за раката: уред
за заштита поставен меѓу предната
рачка и синџирот со запци за да
ја заштити раката од повреди во
случај да се лизне од рачката.
E. Задна заштита за раката: уред за
заштита на местото поставена на
задниот дел од рачката оддесно за
да ја заштитува раката од пилата
со синџир во случај на дефект или
излегување на лостот за наведување.
F.
Лост за наведување: на него се наоѓа
и го управува синџирот со запци.
G. Синџир со запци: елемент предвиден
за сечење којшто се состои од преносник
со мали сечива наречени „запци" и
странични поврзувања со чивии.
H. Клин за сопирање на синџирот:
безбедносен уред којшто спречува
неконтролирани движења на
синџирот со запци во случај на
дефект или разлабавување.
I.
Харпун: уред поставен напред, на
местото за монтирање на лостот за
наведување којшто служи како потпора
кога е закачен за дрво или трупец.
MK - 7

Publicité

loading