насочи директно на приемна леќа, се намалува работното
подрачје. Со рефлексии на сигналот (напр. на ѕидовите)
дометот може да се подобри и при индиректен сигнал.
По притискање на едно од копчињата на далечинскиот
управувач, светлата на приказот на режим покажуваат 54,
дека е испратен сигнал.
Вклучувањето/исклучувањето на ротацискиот ласер не е
возможно со далечински управувач.
Видови употреба
Копчињата на ротацискиот ласер и далечинскиот управувач
не се разликуваат во функцијата. Со исклучок на функцијата
за режим на приправност, со далечинскиот управувач не
може да се контролираат дополнителни функции на
ротацискиот ласер.
Пример: Со притискање на копчето за ротационен режим,
ротацискиот ласер се менува од линиски режим во
ротационен режим. Ова се случува независно од тоа дали е
притиснато копчето за ротационен режим на ротацискиот
ласер или на далечинскиот управувач. Доколку ротацискиот
ласер не располага со различни брзини на ротација,
брзината на ротацијата не може да се промени ниту со
далечински управувач.
Функцијата за предупредување за удар не може да се
контролира со далечинскиот управувач.
Подетални информации за функциите на ротацискиот ласер
ќе најдете во упатството за употреба на ротацискиот ласер.
Режим на приправност со зачувување на начинот на
работа
Ротацискиот ласер може да биде вклучен во режим на
приправност максимум 2 часа. Притиснете го копчето за
режим на приправност 53 на далечинскиот управувач.
Ротацијата, ласерот и сите прикази на ротацискиот ласер со
исклучок на приказот за нивелирање ќе се исклучат и ќе се
зачува поставениот начин на работа. Режимот на
приправност може да се стартува исклучиво со помош на
далечинскиот управувач.
– Притиснете едно копче на далечинскиот управувач, за
повторно да го стартувате ротацискиот ласер со
зачуваниот начин на работа.
Ротациски, линиски и точкаст режим
Со притискање на копчето за ротационен режим 61 може да
менувате од линиски во ротационен режим или да ја
намалите брзината на ротација по степени додека не дојде
во состојба на мирување (точкаст режим).
Со притискање на копчето за линиски режим 55 може да
менувате од ротационен режим во линиски режим или да го
зголемите аголот на отворање по степени.
Вртење на ласерската точка/ласерската линија односно
ротационата рамнина
Ласерската точка одн. ласерската линија може да ја свртите
за 360° во рамки на ротационата рамнина по степени. За
вртење во правец на стрелките на часовникот притиснете го
копчето 57, а за вртење во правец спротивен на стрелките
на часовникот притиснете го копчето 59. Со подолго
притискање на копчињата се забрзува движењето на
ротациската глава во саканиот правец.
800.561.8187
2 609 141 178 • 2.4.14
Режим на косина со една оска/Израмнување на
ротационата рамнина во вертикална положба
Во зависност од положбата на ротацискиот ласер, со
притискање на копчињата за правец горе 63, долу 58, десно
56 и лево 60 може да ја свртите ротационата рамнина околу
оската X или Y.
Притоа најпрво притиснете на копчето за режим на косина
со една оска 62.
Во хоризонтална положба на ротацискиот ласер може да ја
вртите ротационата рамнина со копчињата за правец горе
63 и долу 58 околу оската X.
Во вертикална положба на ротацискиот ласер може да ја
вртите ротационата рамнина со копчињата за правец десно
56 и лево 60 околу оската Y.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
– Постојано одржувајте ја чистотата на далечинскиот
– Не го потопувајте далечинскиот управувач во вода или
– Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме
наведете го 10-цифрениот број од спецификационата
плочка на далечинскиот управувач.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Далечинскиот управувач, опремата и амбалажите треба да
се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте далечинскиот управувач и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Се задржува правото на промена.
www.
.com
управувач.
други течности.
користете средства за чистење или раствори.
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните уреди што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно да
се соберат и да се рециклираат за повторна
употреба.
information@itm.co
Македонски | 377