Ротациски ласер
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се
внимава на нив, за да може безбедно и без
опасност да работите со мерниот уред. Не
ја оштетувајте ознаката за
предупредување на мерниот уред. ДОБРО
ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ
ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
Внимание – доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 22).
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата
на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да ги
оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од
ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце
или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на
бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи течности,
гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои
може да ја запалат правта или пареата.
800.561.8187
364 | Македонски
Пред било каква интервенција на мерниот уред (напр.
монтажа, одржување итн.) како и при негов транспорт
и одржување извадете ги батериите одн. пакувањата
батерии.
Не го отворајте пакувањето батерија. Постои опасност
од краток спој.
Неупотребеното пакување батерија држете го
подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви,
железни пари, клинци, шрафови или други мали
метални предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници
или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста од
пакувањето батерија. Избегнувајте контакт со неа.
Доколку случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика
кожни иритации или изгореници.
Полнете ги батериите само со полначи, коишто се
препорачани од производителот. Доколку полначот кој
е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете само оригинални CST/berger батерии со
напон кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот мерен уред. При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Целната табла за ласерот 29 држете ја подалеку од
магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на
магнет. Поради влијанието на магнетите на целната табла
на ласерот може да дојде до неповратни загуби на
податоците.
www.
.com
Заштитете го пакувањето батерија од топлина, на
пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од
експлозија.
Не ја принесувајте целната табла за
ласерот 29 во близина на пејсмејкери.
Магнетот создава магнетно поле на целната
табла за ласерот, кое може да ја наруши
функцијата на пејсмејкерите.
information@itm.co
2 609 141 178 • 2.4.14