извадете го кабелот за свеќичката (внимавајќи при тоа
сите делови во движење да бидат застанати докрај):
– секојпат кога машината ја оставате без надзор;
Извадете го клучот кај моделите со електрично
палење;
– пред да ги отстранувате причините за блокирање или
чистење на испусниот канал,
– пред проверка, чистење или работа врз машината,
– по удар во страни предмети. Проверете дали има
евентуални оштетувања на машината и направете ги
неопходните поправки пред да одново да ја користите.
– доколку машината почне да вибрира на ненормален
начин (веднаш побарајте ја причината за вибрациите и
однесете ја за неопходни проверки во специјализиран
сервис).
– пред дополнување со гориво.
20) Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно
растојание од деловите што ротираат кое се определува
со должината на рачката.
21) Намалете го забрзувањето пред да го исклучите
моторот. Затворете го напојувањето со гориво по
завршување со работа следејќи ги инструкциите во
упатството.
22) ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или инциденти
во текот на работата, веднаш исклучете го моторот и
оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате
други оштетувања. Во случај на инцидент со лична
повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш
кон постапката за давање најсоодветна прва помош за
дадената состојба и обратете се во соодветен центар
за здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што
може да предизвикаат дефект или повреди на лица или
животни ако останат незабележано во машината.
23) ВНИМАНИЕ – нивото на бучавата и вибрациите
дадени во ова упатство се максимални вредности при
употреба на машината. Употребата на елемент за косење
којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина,
неодржувањето на машината, значително влијаат врз
емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да
применувате заштитни мерки за да елиминирате можни
оштетувања заради зголемена бучава или значителни
вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете
слушалки против бучава и правете паузи во работата.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) Сите операција за одржување и регулација што не
се опишани во ова упатство треба да ги спроведе
застапникот или специјализиран сервисен центар
бидејќи знаат како и ги имаат неопходните инструменти
со коишто работата ќе се заврши правилно, земајќи го во
предвид првибитниот степен на безбедност на машината.
Сите операции што се изведени на несоодветен начин и
од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби
секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на
производителот.
2) Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се
наоѓаат заглавени од деловите што ротираат и фиксните
делови на машината.
3) Не допирајте го уредот со сечивото додека е машината
поврзана со кабелот за свеќичката и додека сечивото не
запре да се движи докрај. При интервенции на уредот
со сечивото, проверете дали уредот може да се движи и
дали кабелот за свеќичката е изваден.
4) Честопати проверувајте ги штитниците или вреќата
за покосена, трева за да се обезбедите дека не се
истрошени или оштетени.
5) Никогаш не чувајте ја машината со полн резервоар
во просторија каде испарувањата може да допрат до
отворен пламен, искра или до извор на топлина.
6) Оставете моторот да се излади пред да се остави
машината во која било средина.
7) За намалување на ризикот од запалување, чувајте ги
моторот, придушувачот, акумулаторот и самото место
на чување на бензинот исчистени од остатоци од трева,
листови и прекумерно масло.
8) За да го намалите ризикот од пожар, редовно
проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.
9) Ако резервоарот треба да се испразни, истото треба
да се прави на отворено и кога моторот е изладен.
E) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1) Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината во
корист на граѓанските погодности и на просторот во
кој живееме. Избегнувајте појава на елементи што го
нарушуваат непосредното опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, маслата, бензинот, акумулаторот,
филтрите, делови во распаѓање или какви било
елементи со штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ѓубре туку треба
да се селектираат и однесат во соодветни собирни
центри кои рециклираат материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на
материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ОПИС НА МАШИНАТА
И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина е раздувувач/прибирач со оператор на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто
придвижува роторот со запци сместен во картер и има
тркала и рачка. Операторот е во позиција да управува
со машината и да ги вклучува главните команди држејќи
се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од
деловите што ротираат.
Предвидена употреба
Оваа
машина
раздувување и прибирање од теренот во присуство на
оператор на нозе.
Разликата во работата на производот врз теренот се
постигнува со длабочината на продирање на запците
во теренот.
Оваа машина може:
• раздувување на теренот со што се отстранува
површински слој со коров,
• прибирање од теренот, отстранувајќи го поцврстиот
слој од истиот терен.
Несоодветна употреба
MK - 2
е
дизајнирана
и
произведена
за