Покрај сите чекори за транспорт на моторната пила,
извршете ги и следните чекори пред скалдирање на
моторната пила:
– Испразнете го резервоарот за масло пред да ја
одложите моторната пила и наполнете го пред
употреба.
– Чувајте ја пилата на суво, безбедно место вон дофат на
деца.
– Не ставајте други предмети на пилата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
на:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на
барањата во Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на
истите од страна на трети лица воздушен транспорт или
шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните
напомени за пакување и означување со етикети. Во таков
случај, при подготовката на пратката мора да се повика
експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Bosch Power Tools
Депонирање отпад
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат и
рециклираат на еколошки начин за повторна
употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и
електронска опрема може да има штетни ефекти врз
животната средина и здравјето на луѓето поради можното
присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонска:
Прочитајте ги упатствата во поглавието (види
„Транспорт", Страница 299).
Srpski
Bezbednosne napomene
Objašnjenja simbola
Pročitajte uputstvo za upotrebu.
Opšte uputstvo o opasnosti.
Ne koristiti na kiši.
Lančanu testeru uvek čvrsto držite sa obe
ruke.
Pazite na povratni udarac lančane testere i
izbegavajte kontakt sa vrhom mača.
Nosite ličnu zaštitnu opremu (LZO), koristite
zaštitu za oči, sluh i glavu.
Srpski | 299
F 016 L94 704 | (11.07.2024)