Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Општи безбедносни предупредувања за
моторни пили
Чувајте ги сите делови на телото понастрана од
u
ланецот додека работи. Пред да ја вклучите пилата,
проверете ланецот ништо да не допира. При работа
со пилата, и еден момент на невнимание може да
предизвика ланецот да Ви се заплетка во облеката или
во телото.
Секогаш држете ја пилата со десната рака на
u
задната рачка и со левата рака на предната рачка.
Обратното држење на пилата го зголемува ризикот од
повреда и никогаш не треба да се практикува.
Држете го апаратот само за изолираните површини,
u
бидејќи ланецот може да дојде во контакт со
скриени кабли. Контактот на ланецот со жици што
спроведуваат струја може да ги наелектризира
металните делови на пилата и да доведе до струен
удар на ракувачот.
Носете заштитни очила. Се препорачува и носење
u
на дополнителна заштитна опрема за ушите,
главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветна
заштитна облека ќе ја намали опасноста од повреда
предизвикана од отфрлен отпад или случаен допир на
ланецот.
Не користете ја моторната пила на дрво, скала,
u
покрив или нестабилна подлога. Работењето со
моторната пила на таков начин може да предизвика
сериозни повреди.
При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно и
u
цврсто со нозете на тлото и секогаш користете ја
пилата на цврста, безбедна и рамна површина.
Лизгавите површини или нестабилните површини
може да доведат до губење рамнотежа или губење на
контролата врз моторната пила.
Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не
u
отскокне. При ослободување на затегнатоста,
гранката може да отскокне и да го повреди ракувачот
и/или да ја исфрли пилата од контрола.
Бидете особено внимателни кога сечете повеќе
u
гранки одеднаш и фиданки. Мекиот материјал може
да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да
Ве исфрли од рамнотежа.
Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за
u
рачката со ланецот свртен од себе. При транспорт
или складирање, секогаш ставете ја футролата на
ланецот. Исправното ракување со ланецот ќе ја
намали опасноста од случаен контакт со ланецот во
движење.
Следете ги упатствата за подмачкување,
u
затегнување на ланецот како и при замена на
шипката и ланецот. Несоодветно затегнатиот или
неподмачкан ланец може да се скине или да отскокне.
Bosch Power Tools
Сечете само дрво. Не користете ја пилата во цели
u
за коишто не е наменета. На пример: Немојте да ја
употребувате пилата за сечење на метал, пластика,
зидарски и градежни материјали коишто не се од
дрво. Употребата на пилата во цели за коишто не е
наменета може да доведе до опасни ситуации.
Овој електричен алат не е наменет за сечење дрвја.
u
Користењето на моторната пила за каква било друга
операција, освен онаа за која е дизајнирана, може да
резултира со сериозни повреди на операторот или
случајните минувачи.
Придржувајте се на упутставата при чистење
u
заглавен материјал, складирање или сервисирање
на моторната пила. Задолжително проверувајте
дали прекинувачот за напојување е исклучен и
дали батеријата е извадена. Неочекувано работење
на моторната пила при отстранување на заглавениот
материјал или за време на одржувањето може да
резултира со сериозни повреди.
Причини за отскокнување на ланецот и заштита од
u
повратен удар:
Отскокнување може да се случи ако врвот на
водилката допре некој предмет, или ако дрвото се
стегне и го заглави ланецот во резот.
Допирање на водилката во некои случаи може да
доведе до отскокнување, зафрлајќи ја одеднаш пилата
наназад кон ракувачот.
Заглавување на ланецот кај водилката може да
предизвика зафрлање на пилата наназад кон
ракувачот.
Овие две ситуации можат да доведат до губење на
контрола над пилата и претставуваат опасност од
повреда. Не потпирајте се само на заштитните
механизми вградени во пилата. Сите корисници на
пила со синџир треба да преземат разни мерки за да
можат да работат без несреќи и повреди.
Повратниот удар е последица од погрешна или
неправилна употреба на моторната пила. Тоа може да
се спречи со преземање соодветни мерки на
претпазливост како што е опишано подолу:
Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и
u
другите прсти околу рачките. Заземете став со
телото и рацете така да можете да спречите
отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да
ги контролира отскокнувањата, доколку преземе
потребни мерки на претпазливост. Никогаш не
испуштајте ја пилата.
Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја
u
пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со
ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што
овозможува подобра контрола врз пилата во
непредвидени ситуации.
Употребувајте само резервни делови и ланци
u
одредени од произведувачот. Несоодветна замена
може да предизвика кинење на ланецот и
отскокнување.
Придржувајте се до упатствата за острење и
u
одржување на пилата дадени од произведувачот.
Македонски | 289
F 016 L94 704 | (11.07.2024)