Télécharger Imprimer la page

Bosch GKE 18V-40 Notice Originale page 290

Masquer les pouces Voir aussi pour GKE 18V-40:

Publicité

290 | Македонски
Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста
од отскокнување.
Дополнителни сигурносни напомени
Овој уред содржи магнети - Не ставајте го магнетот
u
во близина на импланти и други медицински уреди,
како што се пејсмејкери или инсулински пумпи,
магнетни носачи на податоци и магнетно
чувствителни уреди. Магнетот создава поле, кое
може да ја наруши функцијата на овие видови
медицински уреди или да предизвика неповратно
губенје на податоци.
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
u
ограничени физички, сетилни или ментални
можности, со недостаток на искуство и знаење,
освен ако не им се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба на машината од
страна на личност одговорна за нивната
безбедност. Децата треба да бидат под надзор да не
си играат со уредот.
При работата, држете го електричниот апарат
u
цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со
електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Пред да ја користите машината проверете да се
u
монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или
на која се вршени недозволени преправки.
Секогаш ракувајте со електричниот алат со правилно
u
порамнет и затегнат ланец. Користењето на
електричниот алат со неправилно порамнет и
неправилно затегнат ланец може да го скине ланецот,
да предизвика повратен удар и / или повреда.
Безбедносни напомени за оптимално
користење на батериите
Уверете се дека тримерот е исклучен пред да ја
u
ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
уредот работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за овој
u
уред. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спајалици, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
F 016 L94 704 | (11.07.2024)
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
u
Инаку, постои опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
u
Складирајте ја батеријата во граници на температура
u
од –20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на
пример во автомобил на лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
u
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака
Значење
Држете ги децата, луѓето и домашните
миленици подалеку.
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Дополнителна опрема/резервни
делови
Bosch Power Tools

Publicité

loading