686
Македонски
Безбедносни упатства за батеријата
-
Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред,
контактирајте со докторот или со производителот
на имплантираниот уред пред употребата.
-
Ако имате прашања од медицинска гледна точка,
консултирајте се со доктор пред да го користите
уредов.
-
Уредов е уред за лична нега и не е наменет за
користење на повеќе пациенти во стоматолошка
ординација или институција.
-
Овој уред содржи батерии на полнење што смеат
да се отстрануваат само од страна на обучени
лица.
-
Користете го производот само за неговата намена.
Внимателно прочитајте ги овие информации пред
да ги користите производот и неговите батерии и
додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни
повреди. Доставените додатоци може да се
разликуваат за различни производи.
-
Користете само оригинални додатоци и потрошни
средства на Philips. Користете ја само единицата за
напојување што се одвојува CBAyyyy, TCAxxxx или
WAAxxxx.
-
Полнете само со CBAxxxx (номинална влезна
моќност: 100 – 240 V~; 50/60 Hz; 1,3 W), CBByyyy
(номинална влезна моќност: 100 – 240 V~; 50/60
Hz; 1,5 W), WAAxxxx (номинална влезна моќност:
100 – 240 V~; 50/60 Hz; 3,5 W), номинална влезна
моќност: 5 VDC; 2,5 W, TCAxxxx (номинална влезна
моќност: 100 – 240 V~; 50/60 Hz; 1,5 W).
-
Полнете го и користете го производот на
температура помеѓу 0 °C и 40 °C.
-
Чувајте ги производот и батериите подалеку од
оган и немојте да ги изложувате на директна
сончева светлина или високи температури.