МЕДИЦИНСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
-
Користете само оригинални додатоци или
потрошни средства на Philips. Ако сте ги добиле,
користете ги само оригиналните USB-кабел и USB-
единица за напојување.
-
Уредот не содржи делови што корисникот може
да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете
да го користите и контактирајте со Центарот за
грижа на корисниците во вашата држава (видете
„Гаранција и поддршка").
-
Ако USB-кабелот или USB-единицата за
напојување е оштетена, престанете да ја
користите.
-
Не користете ги основата за полнење и/или
кутијата за полнење при патување надвор или во
близина на загреани површини.
-
Немојте да чистите ниту еден дел од производот
во машината за миење садови.
-
Овој уред е дизајниран само за чистење заби,
непца и јазик.
-
Престанете да ја користите главата на четката со
згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја
главата на четката на секои 3 месеци или порано
ако се појават знаци на абење.
-
Максималната надморска височина на употреба е
4500 метри.
-
Избегнувајте директен контакт со производи што
содржат есенцијални масла или кокосово масло.
Контактот може да доведе до вадење на влакната.
-
Престанете да го користите апаратот и советувајте
се со забар/лекар ако настане претерано
крвавење по користењето, ако крвавењето
продолжи да се појавува по 1 седмица од
користењето или ако почувствувате непријатност
или болка.
-
Ако сте имале орална хируршка интервенција или
операција на непцата во претходните 2 месеци,
советувајте се со стоматологот пред да го
користите уредов.
685
Македонски