Bosch GLL 3-80 C Professional Notice Originale page 209

Masquer les pouces Voir aussi pour GLL 3-80 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-3106-001.book Page 209 Friday, June 2, 2017 10:18 AM
Совети при работењето
 За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
 Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, напр. во авиони или болници.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот 27 ја подобрува видливоста на
ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
27 ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот 17 на навојот на стативот 30
или обичен фото-статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив 18.
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика B)
Со помош на универзален држач 24 може да го
прицврстите мерниот уред напр. на вертикални
површини, цевки или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач 24, пред да го
вклучите мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика B)
При неповолни светлосни услови (светла околина,
директно сончево зрачење) и на поголеми далечини
користете го ласерскиот приемник за подобро
пронаоѓање на ласерските линии 26. При работа со
ласерскиот приемник вклучете го режимот на приемник
(види „Режим на приемник", страна 206).
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Bosch Power Tools
Примери за работа (види ги сликите A–F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината
или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да
се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна или куфер.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во заштитната ташна 29.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од специфи-
кационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е не-
оштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја
батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Македонски | 209
1 609 92A 3PX | (2.6.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gll 3-80 cg professional

Table des Matières