Bosch GLL 3-80 C Professional Notice Originale page 206

Masquer les pouces Voir aussi pour GLL 3-80 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-3106-001.book Page 206 Friday, June 2, 2017 10:18 AM
206 | Македонски
потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да
притиснете на копчето за режим на работа на ласерот 7
или копчето Режим на приемник 5.
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето за режим на работа 7 (при
вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката
за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко
трепкаат за потврда.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го.
Деактивирање на сигналниот тон
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш
активиран.
За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон
притиснете истовремено на копчето за режим на работа
на ласерот 7 и копчето Режим на приемник 5 и држете ги
притиснати најмалку 3 s.
При активирањето и при деактивирањето се слушаат три
кратки сигнални тонови за потврда.
Видови употреба
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Емитира една хоризонтална ласерска рамнина,
– Емитира една вертикална ласерска рамнина,
– Емитира две вертикални ласерски рамнини,
– Емитира една хоризонтална ласерска рамнина, како и
две вертикални ласерски рамнини.
По вклучувањето, мерниот уред емитира хоризонтала
ласерска рамнина. За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за режим на работа на ласерот 7.
Сите начини на работа може да се изберат со или без
автоматика за нивелирање.
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник 26 мора – независно
од избраниот начин на работа – да биде активиран
режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 26.
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето 5. Приказот 6 свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето 5.
Приказот 6 се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 24 или стативот 30.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 16 во позиција
On".
1 609 92A 3PX | (2.6.17)
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Ниве-
лирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
Доколку сигналниот тон е активиран, се слуша сигнален
тон со забрзан такт.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
рамки на полето за самонивелирање од ±4°, ласерските
зраци непрекинато светат и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира автома-
тски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата
на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во
однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 16 во
позиција „
On". При исклучена автоматика за
нивелирање, приказот 4 свети црвено и ласерските линии
непрекинато трепкаат во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
Далечинско управување преку „Levelling
Remote App"
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со
помош на безжична технологија дозволува далечинско
управување со помош на Smartphone со Bluetooth®-
интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата
(App) „Levelling Remote App". Неа можете да ја преземете
од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред
(Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на
Bosch на
www.bosch-pt.com
При далечинско управување со помош на Bluetooth® може
да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Вклучете го Bluetooth®
За да вклучите Bluetooth® за далечинското управување,
притиснете на Bluetooth®-копчето 9. Проверете дали
Bluetooth®-интерфејсот на Вашиот мобилен терминал е
активиран.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот терминал и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
односниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gll 3-80 cg professional

Table des Matières