Bosch GLL 3-80 C Professional Notice Originale page 202

Masquer les pouces Voir aussi pour GLL 3-80 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-3106-001.book Page 202 Friday, June 2, 2017 10:18 AM
202 | Македонски
 Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
 При работата на мерниот уред во одредени
околности се слушаат гласни сигнални тонови. Затоа
држете го мерниот уред подалеку од ушите и други
лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.
Мерниот уред, целната табла за ласерот
27 и универзалниот држач 24 не ги
ставајте во близина на пејсмејкери.
Магнетите на мерниот уред, целната табла
за ласерот и универзалниот држач
создаваат магнетно поле, кое може да ја
наруши функцијата на пејсмејкерите.
 Мерниот уред, целната табла на ласерот 27 и
универзалниот држач 24 држете ги подалеку од
магнетски носачи на податоци и уреди чувствителни
на магнет. Поради влијанието на магнетите на мерниот
уред, целната табла на ласерот и универзалниот држач
може да дојде до неповратно губење на податоците.
 Ве молиме внимавајте, мерниот уред да се користи
со копчеста батерија. Никогаш не ги голтајте
копчестите батерии. Проголтувањето на копчеста
батерија може во рок од 2 часа да доведе до сериозни
внатрешни изгореници или смрт.
Бидете сигурни, децата да не доаѓаат во
допир со копчестата батерија. Доколку
постои сомневање дека копчестата батерија
е проголтана или е вметната во друг дел од
телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
 Не го користете веќе мерниот уред, ако држачот за
копчеста батерија 22 не може да се затвори.
Извадете ја копчестата батерија и поправете го.
 При менување на батеријата внимавајте на
прописна замена на батеријата. Инаку, постои
опасност од експлозија.
 Не се обидувајте повторно да ја полните копчестата
батерија и не ја премостувајте. Копчестата батерија
може да протече, да експлодира, да се запали и да
повреди лица.
 Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите
копчести батерии. Испразнетите копчести батерии
може да протечат и со тоа да го оштетат уредот или да
повредат лица.
 Не ја прегревајте копчестата батерија и не ја
фрлајте во оган. Копчестата батерија може да протече,
да експлодира, да се запали и да повреди лица.
 Не ја оштетувајте копчестата батерија и не ја
расклопувајте. Копчестата батерија може да протече,
да експлодира, да се запали и да повреди лица.
 Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со
вода. Литиумот што истекува може со вода да создаде
водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или до
повреди на лица.
1 609 92A 3PX | (2.6.17)
 Пред било каква интервенција на мерниот уред
(напр. монтажа, одржување итн.) како и при негов
транспорт и одржување извадете ги батериите од
мерниот уред. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од
експлозија.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални пред-
мети, што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Внимание! При користењето на мерниот уред со
Bluetooth® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така
не може сосема да се исклучат штетните влијанија
на луѓето и животните во непосредната околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина
на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски
уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот
уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте
долготрајна употреба во директна близина на
телото.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gll 3-80 cg professional

Table des Matières