Wilo Rexa PRO Notice De Montage Et De Mise En Service page 623

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 266
13.2.4.1 Надгледување на просторијата
на моторот
13.2.4.2 Надгледување на намотката на
моторот
13.2.4.3 Надгледување на заптивна
комора (надворешна електрода)
13.2.4.4 Работа со фреквентен
конвертор
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa PRO
Прилог
Сите уреди за надгледување на располагање мора секогаш да бидат
приклучени!
Приклучувањето се изведува како што е опишано во поглавјето „Електрично
поврзување".
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради прегревање на моторот!
Кога ограничувањето на температурата е погрешно поврзано, постои опасност
од експлозија поради прегревање на моторот! Ограничувањето на
температурата се поврзува со рачна блокада од повторно вклучување. Тоа
значи дека треба рачно да се притисне „копчето за блокада"!
Motor P 13 мора да биде опремен со ограничување на температурата (1-колно
надгледување на температурата). Како опција, моторот може да е опремен со
регулирање и ограничување на температурата (2-колно надгледување на
температурата).
Motor P 17 мора да биде опремен со ограничување на температурата (2-колно
надгледување на температурата).
Во зависност од изведбата на термичкото надгледување на моторот, при
достигнувањето на прагот треба да следува:
▪ Ограничување на температурата (1-температурно коло):
Треба да се исклучи со помош на блокада од повторно вклучувањеоткако ќе се
постигне прагот!
▪ Регулирање и ограничување на температура (2-температурни кола):
При постигнување на прагот за пониската температура може да дојде до
исклучување со помош на автоматското повторно вклучување. При постигнување
на прагот за висока температура мора да има исклучување со блокада од
повторно вклучување!
ВНИМАНИТЕЛНО! Оштетување на моторот поради прегревање! Во случај на
автоматско повторно вклучување, придржувајте се до податоците за макс.
зачестеност на вклучување и за пауза!
Приклучок за термичко надгледување на моторот
▪ Приклучете биметален сензор преку релеи за проценка. Овде се препорачува
реле „CM-MSS". Прагот е претходно одреден.
Вредности на единици: макс. 250 V(AC), 2,5 A, cos φ = 1
▪ Приклучете PTC-сензор преку релеи за проценка. Овде се препорачува реле „CM-
MSS". Прагот е претходно одреден.
▪ Приклучете надворешна електрода преку релеи за проценка дозволени за
експлозивни подрачја! Овде се препорачува реле „XR-4...".
Прагот изнесува 30 kOhm.
▪ Приклучокот мора да биде преку безбедно струјно коло!
▪ Тип фреквентен конвертор: Модулација на ширината на импулсот
▪ Континуирана работа: 30 Hz до номинална фреквенција (50 Hz или 60 Hz).
Придржувајте се до минималната проточна брзина!
▪ Мин. фреквенција на прекинувач: 4 kHz
▪ Макс. наднапон на терминали: 1350 V
▪ Излезна струја на фреквентен конвертор: макс. 1,5-пати од номиналната струја
▪ Макс. време на преоптоварување: 60 сек
▪ Применување вртежен момент: квадратна крива на пумпа
Потребниот број на вртежи/вртежен момент се добива на барање!
▪ Внимавајте на дополнителните мерки со земање предвид на прописите за
електромагнетна подносливост (избор на фреквентен конвертор, филтер итн.).
▪ Никогаш не пречекорувајте ја номиналната струја и номиналниот број на вртежи
на моторот.
▪ Мора да е возможно да се приклучи сопствено надгледување на температурата
на моторот (биметален или PTC-сензор).
▪ Кога има ознака за температурна класификација T4/T3, важи температурната
класификација T3.
mk
623

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières