Насока На Вртење; Пред Вклучување - Wilo Vardo WEEDLESS-F Notice De Montage Et De Mise En Service

Masquer les pouces Voir aussi pour Vardo WEEDLESS-F:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 336
7.4
Насока на вртење
7.5
Пред вклучување
Упатство за вградување и работа Wilo-Vardo WEEDLESS-F
Пуштање во работа
ATEX-одобрение
Погонот за мешање е наменет за работа во подрачје во кое постои опасност од
експлозија:
▪ Група на уреди: II
▪ Категорија: 2, зона 1 и зона 2
Погонот за мешање не смее да се применува во зоната 0!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Забрането е преголемо задржување во работниот простор на
погонот за мешање!
Додека погонот за мешање работи, тој може да предизвика (тешки) лични
повреди! Затоа не смее никој премногу да се задржува во работниот простор
додека тој работи. Кога има луѓе во работното подрачје на погонот за мешање,
исклучете го од работа и осигурајте го од повторно вклучување!
Погонската единица може да работи во лева или десна насока. Во зависност од
насоката на вртење, пропелерот ја одредува насоката на потисок на погонот за
мешање:
▪ Во насока на часовникот*: Насока на потисок нагоре
▪ Спротивно од насоката на часовникот*: Насока на потисок надолу
НАПОМЕНА! *Податоците за насоката на вртење упатуваат на тоа кога го
гледате погонот за мешање од горе!
НАПОМЕНА! Насоката на перките и насоката на вртење мора да се усогласени!
НАПОМЕНА! Насоката на вртење (DoR) е наведена на натписната плочка!
Проверка на насоката на вртење
Приклучете ја погонска единица со електричната мрежа согласно упатствата
на производителот.
Поставете ги сите кабли за поврзување согласно прописите.
Не смее луѓето да се задржуваат во работниот простор на погонот за
мешање.
1. Вклучете го погонот за мешање.
2. Погледнете го пропелерот од горе и проверете ја насоката на вртење.
НАПОМЕНА! Потребната насока на потисокот е дефинирана во димензиите
за постројката!
3. Ако насоката на вртење е погрешна, тогаш треба стручен електричар да го
измени електричното поврзување.
4. Проверете ја насоката на вртење уште еднаш.
▶ Насоката на вртење е правилна, насоката на потисокот е согласно
димензиите на постројката.
НАПОМЕНА
Внимавајте на дополнителната литература!
Со цел прописна употреба, прво прочитајте го и придржувајте се до упатствата
на производителот.
Проверете ги следниве точки пред вклучување:
▪ Проверете дали инсталацијата е правилна и дали е согласно локалните прописи
на сила:
– Дали погонот за мешање е правилно и безбедно монтиран?
– Дали погонот за мешање е заземјен?
– Дали електричното поврзување е прописно изведено?
– Дали кабелот за поврзување е прописно поставен?
– Дали механичките составни елементи се правилно прицврстени?
mk
587

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Vardo weedless-sVardo weedless-m

Table des Matières