mk
Fig. 5: Точка на подигнување на плочата на
моторот
578
Транспорт и лежиште
носивост на опремата за подигнување. Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
ВНИМАНИТЕЛНО
Материјални штети поради погрешен транспорт.
Може да се оштети главчината, како и пропелерот додека се подигнува
погонот за мешање.
• За време на подигнувањето, поставете стиропор (со дебелина мин. 20 mm/1)
под главчината.
• Никогаш за време на транспортот не поставувајте го погонот за мешање на
главчината.
▪ За да не се оштети погонот за мешање за време на транспортот, прво отстранете
го пакувањето од местото на примена.
▪ Хоризонтален транспорт се прави само врз палета и со помош на вилушкар!
▪ Вертикален трансспорт се прави само со средства за прикачување и уреди за
подигнување!
▪ Пакувајте ги користените погони за мешање за транспорт обвиткани со отпорни и
доволно големи пластични фолии.
▪ Спакувајте ја погонската единица така што ќе биде заштитена од вода. Ако
навлезе влага, може да се случи целосен крах на производот! Придржувајте се
до другите информации од упатствата на производителот.
Точка на подигнување
▪ Придржувајте се до националните безбедносни регулативи на сила.
▪ Употребете прстенести држалки со одобрен агол на оптоварување до 90° (пр. тип
„Theipa Point TP")
– До 3 kW: Прстенести држалки М12
– Од 4 kW: Прстенести држалки М16
– Моќноста на моторот е наведена со означувањето на типот!
▪ Секогаш користете две прстенести држалки за подигнување со тоа што ќе ги
зашрафите на плочата на моторот.
▪ Користете само законски пропишани и дозволени средства за прикачување
товар.
▪ Средствата за прикачување товар се избираат на основа на постоечките услови
(временските услови, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Средствата за прикачување се поставуваат само на точката на подигнување.
Прицврстувањето мора да се направи со стремен.
▪ Не затегнувајте ги средствата за прикачување преку погонската единица. Ако е
потребно, употребете лост!
▪ Треба да употребите средства за подигнување со доволна носивост.
▪ Мора да се загарантира стабилноста на уредите за подигнување за време на
нивната примена.
▪ Кога мора да се применат уреди за подигнување, потребно е да се назначи второ
лице коешто ќе ги координира работите кога е тоа потребно (пр. блокиран
поглед).
WILO GVA GmbH 2019-02