Wilo Vardo WEEDLESS-F Notice De Montage Et De Mise En Service page 595

Masquer les pouces Voir aussi pour Vardo WEEDLESS-F:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 336
9.5.2
Визуелна проверка на погонот
за мешање од абење
9.5.3
Визуелна проверка на опрема
9.5.4
Направете визуелна проверка на
кабелот за поврзување
9.5.5
Замена на маслото за запчест
преносник со вградените
помагала
Упатство за вградување и работа Wilo-Vardo WEEDLESS-F
Сервисирање
работа овие вредности не се менуваат. Можни се лесни вибрации во зависност од
својствата на медиумот.
Потрошувачката на струја може да биде индикатор за предвремено
препознавање и отстранување на оштетувања или грешки во функциите на
погонот за мешање. Поголемите варијации на напонот ја оптоваруваат намотката
на моторот и можат да предизвикаат расипување. Редовната контрола може да
помогне да се избегнат големи оштетувања како последица, а исто така опаѓа и
ризикот за тотално расипување. За да можете да правите редовна проверка, се
препорачува да употребите опрема за далечинско надгледување.
Проверувајте ги поединечните составни елементи (пропелерот, главчината итн.)
за оштетувања и абење. Доколку утврдите недостатоци, внимавајте на следните
точки:
▪ Ако е оштетено внесувањето слоеви, поправете го.
▪ Консултирајте се со службата за односи со корисниците кога ќе се изаби некој
составен елемент и кога треба да се замени!
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради нишања
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат поправени или опремата да биде
заменета.
Проверете ги каблите за поврзување за:
▪ Пукнатини
▪ Исекотини
▪ Гребаници
▪ Абразија
▪ Места на нагмечување
Ако утврдите оштетување на кабелот за поврзување, веднаш отстранете го
погонот за мешање од работа! Кабелот за поврзување треба да го провери
стручен електричар. Погонот за мешање се враќа во работа само откако стручно
се отстранети оштетувањата!
ВНИМАНИТЕЛНО! Оштетениот кабел за поврзување може да предизвика
краток спој и да доведе до целосен крах на погонот за мешање.
НАПОМЕНА
Вградени помагала за поедноставно менување масло
Придржувајте се до податоците за видот масло и количина наведени на
натписната плочка на моторот. Придржувајте се до безбедносните напомени и
деталните работни упатства за менување на маслото од производителот.
Следниот дел се однесува на работниот чекор со вградените помагала!
Поради монтажната положба на погонската единица, завртката за испуштање
масло за запчестиот преносник се наоѓа непосредно над прицврстувањето на
подот. За поедноставна замена на маслото, на отворот за испуштање масло се
монтира линија за испуштање масло.
mk
595

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Vardo weedless-sVardo weedless-m

Table des Matières