Одржување - Wilo Vardo WEEDLESS-F Notice De Montage Et De Mise En Service

Masquer les pouces Voir aussi pour Vardo WEEDLESS-F:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 336
mk
2.9
За време на работата
2.10
Одржување
572
Безбедност
– Заштитен шлем
– Заштита од судирање
▪ Придржувајте се до важечките закони и прописи за работна безбедност и за
спречување несреќи на местото на примена.
▪ Означете го работното подрачје.
▪ Работното подрачје треба да биде без услови за мраз.
▪ Расчистете го работното подрачје од предмети.
▪ Доколку временските услови повеќе не овозможуваат безбедна работа,
прекинете ја работата.
▪ Држете ги неовластените луѓе надвор од работното подрачје.
▪ Работите треба секогаш да се изведуваат од страна на две лица.
▪ Избегнувајте болно и заморно држење на телото.
▪ Во случај на работна висина од повеќе од 1 m (3 ft), употребете скеле со заштита
од пад.
▪ Оградете го просторот околу скелето.
▪ Производот треба да биде исклучен од струја и да е осигуран од повторно
ненамерно вклучување.
▪ Сите ротирачки делови мора да бидат во мирување.
▪ Темелно исчистете го и дезинфицирајте го производот.
▪ Осигурете се дека не постои опасност од експлозија при работа со електрични
уреди.
▪ Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување.
▪ Кога е подигнат производот, држете се понастрана од работниот простор
потребен за опремата за подигнување.
▪ Во случај на работа во затворени простории или градби, може да се насоберат
отровни гасови или гасови што може да предизвикаат загушување. Погрижете се
да има доволно проветрување и придржувајте се до заштитните мерки согласно
оперативните задачи (пример):
– Прво употребете мерач за да измерите дали има гасови.
– Употребете уред за предупредување за гасови.
– Итн.
▪ Работниот простор на производот не претставува место каде што луѓето може да
се задржуваат. Не смее луѓето да се задржуваат во работниот простор.
▪ Носете заштитна опрема согласно напомените.
▪ Лицето што ракува со производот мора веднаш да го пријави секој дефект или
неправилност кај одговорното лице.
▪ Доколку наидете на недостатоци коишто ја загрозуваат безбедноста, лицето што
ракува со производот мора веднаш да го исклучи:
– Пад на безбедносните уреди и уредите за надгледување
– Оштетување на деловите на куќиштето
– Оштетување на електричната опрема
▪ Пропелерот не смее да се удира од инсталациите или ѕидовите во работниот
простор. Одржувајте ги наведените растојанија за инсталацијата и ѕидовите на
коритото согласно документацијата.
▪ Во случаи кога нивото на водата флуктуира, уверете се дека е добиено
потребното покривање со вода преку надгледување на нивото.
▪ Производот под нормални работни услови создава звучен притисок од 85 dB(A).
Актуелниот звучен притисок сепак зависи од повеќе фактори:
– Вид на инсталација
– Оптеретување
– Длабочина на потопување
▪ Опасност од повреда поради нагмечување и жежок работен материјал. Носете ја
следната заштитна опрема:
– Затворени заштитни очила
– Заштитни ракавици
– Заштитни чевли
▪ Треба да се врши одржување само како што е опишано во ова „Упатство за
вградување и работа".
▪ Одржувањето треба да се направи според упатствата на производителот.
▪ Користите само оригинални делови од производителот кога вршите одржување
или поправка. Ако употребите други неоригинални делови, производителот нема
да преземе одговорност за производот.
▪ Производот не се одржува за време на работата. Производот треба да биде
исклучен од струја и да е осигуран од повторно ненамерно вклучување.
WILO GVA GmbH 2019-02

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Vardo weedless-sVardo weedless-m

Table des Matières