Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 RLOH600 Notice Originale page 67

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Тип
Производен број
Класа на ласер
Опсег на самонивелирање
Време на самонивелирање
Време на стартување на 8°
Технологија на батерии
Напон на директна струја
Степен на заштита (отпорност на вода и прашина)
Тест за пад
Макс. надморска височина
Релативна влажност на воздухот макс.
Степен на загадување според IEC 61010-1
Функции
Проекции
Диоди
Тип на диода
Излезна шема на ласерски зраци
Време на работа
Навој за монтирање на статив
Соодветен детектор
Ласерска линија
Препорачана работна температура
Температура на складирање
Препорачани типови батерии
Димензии
Тежина според EPTA-процедура 01/2014
132
M18 RLOH600
Ротационен ласер
4975 28 01 XXXXXX MJJJJ
2
10° на оската X или Y или ± 5° во дадена насока
≤ 12 секунди
≤ 35 секунди
Li-Ion
18 V
IP66 (со исклучок на литиум-јонската батерија и просторот за батерии)
1,5 m
2000 m
80 %
2 (се појавуваат само неспроводливи наслаги, повремено краткотрајна
спроводливости поради кондензација се очекува)
Линија на ниво на ротација
360° црвена линија
1
5 mW
Линија на хоризонтално ниво
40 часа со батерија од 2,0 Ah
5/8"
Milwaukee RD600
Ширина < 8,75 mm на 15 m
Бранова должина: 510 – 530 nm
Макс. моќност: PAVG 3,3 mW
Точност на хоризонтална рамнина: ±2,4 mm @ 30 m
Отстапување на ласерскиот зрак: < 1,5 mrad
Времетраење на импулсот Tp ≥ 1,5 ms
Брзина на ротација: 600 min
-1
Боја: црвено
Работен опсег (со детектор): до 600 m (дијаметар)
-20°C – +50°C
-20°C – +60°C
M18B...; M18HB
305 mm x 255 mm x 255 mm
3,83 kg ... 4,89 kg (2,0 Ah ... 12,0 Ah)
МАКЕДОНСКИ
ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Почнете да го употребувате производот дури откако ќе ги
прочитате напомените за безбедност и упатството за употреба.
Класификација на ласерите
Отвор за излез на
ласерскиот зрак (4x)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Производот одговара на ласерската класа 2
според EN 60825-1:2014+A11:2021.
LASER
2
ЛАСЕРСКИ УРЕД ЗА КРАЈНИ КОРИСНИЦИ
EN 50689:2021
Предупредување:
Никогаш не изложувајте ги очите директно на ласерот.
Ласерскиот зрак може да предизвика тешки повреди на очите и/
или слепило.
Не гледајте директно во ласерскиот зрак и не насочувајте го
ласерот непотребно кон останатите лица.
Внимание! Во одредени ситуации, уредот што емитува ласерски
зрак може да е поставен позади вас. Во таков случај, вртете се
внимателно.
Предупредување:
Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца
или, пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат ласерот.
Внимание! Рефлектирачка површина би можела да го врати
ласерскиот зрак назад до корисникот или до други лица.
Предупредување: Употребата на елементите за управување,
подесувањата или извршување на други постапки од тие кои
што се утврдени во прирачникот може да доведе до опасно
зрачно оптоварување.
Ако ласерот се префрли од многу ладна во топла средина (или
обратно), тој мора да ја достигне температура на околината
пред да се користи.
Не чувајте го ласерот надвор и заштитете го од удари, постојани
вибрации и екстремни температури.
Ласерскиот мерен апарат заштитете го од прав, влага и висока
влажност на воздухот. Таквите услови можат да ги уништат
внатрешните делови на апаратот или пак да извршат влијание
врз прецизноста.
Ако ласерскиот зрак е насочен кон очите, затворете ги очите и
веднаш свртете ја главата од патеката на зракот.
Погрижете се да го позиционирате ласерскиот зрак така што вие
или другите луѓе не сте заслепени од тоа.
Не гледајте во ласерскиот зрак со лупа, двоглед или телескоп.
Во спротивно, постои голема опасност од тешки повреди на
очите.
Имајте предвид дека ласерските очила коишто служат за
подобро препознавање на ласерски линии не ги штитат очите од
ласерските зраци.
Не смее да се отстрануваат или да се прават нечитливи
предупредувачките налепници од ласерскиот уред.
Не расклопувајте го ласерот. Ласерските зраци може да
предизвикаат тешки повреди на очите.
Не употребувајте агресивни средства за чистење или средства
за растворање. Чистете исклучиво со чиста, мека крпа.
Заштитете го ласерскиот уред од насилни удари или падови.
По пад или силно механичко влијание, треба да се провери
прецизноста на уредот пред употреба.
Потребните поправки на овој ласерски апарат смеат да се
изведуваат само од страна на авторизиран стручен персонал.
Производот не смее да се примени во околина во која што
постои опасност од експлозии или е агресивна сама по себе.
Заштитете ја заменливата батерија од дожд. Не користете ја
заменливата батерија во влажни подрачја.
При работи над главата, прицврстете го ласерот со решетка за
апсорпција на удари MILWAUKEE.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што
малку како два часа, ако се проголта или влегува во телото.
Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите
уредот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во
телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој иновативен ласер е дизајниран за широко професионално
подрачје на примена, како на пример:
- Порамнување на плочки, мермерни плочи, креденци, бордури,
калапи и декорации
- Означување на основни линии за монтажа на врати, прозорци,
шини, скалила, огради, порти, веранди и настрешници.
- Утврдување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.
- Нивелирање на спуштени плафони и цевководи, поделба на
прозорци и порамнување на цевки, нивелирање на околни
ѕидови за електрични инсталации
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
МАКЕДОНСКИ
133

Publicité

loading